-0.2 C
Скопје
18:14 - 22 декември, 2024

Ако сакате да имате рамен стомак, а правењето стомачни вежби ви изгледа многу напорно, обидете се со овој напиток

Доколку сакате да имате рамен стомак, а правењето на стомачни вежби ви изгледа многу напорно, тогаш обидете се со овој напиток кој на многумина им помогнал и тоа долгорочно да го решат проблемот со наталожувањето на масни наслаги во пределот на стомакот. Покрај тоа, со негово редовно консумирање, освен што ќе ја спречите појавата на дебелеење во овој дел од телото, вие значително можете да ослабнете и во обем и тоа по еден сантиметар за 20 дена.

Покрај тоа, овој напиток ќе ви помогне и во чистење на организмот, со негова редовна употреба вие значително ќе го намалите лошиот холестерол и триглицеридите во крвта и ќе ги нормализирате притисокот и шеќерот, а истовремено ја подобрува и функцијата на мозокот и го подобрува помењето.
Доколку сакате да се обидете со овој трик за подготовка на рамен стомак, потребни ќе ви бидат следните состојки:

1 лажица мед
2 лажици јаболков оцет
сок од еден грејпфрут

ПОДГОТОВКА:
Сите состојки се ставаат во блендер и убаво се миксираат. Напитокот препорачливо е да го пиете секојдневно и тоа исклучиво пред ручекот и пред вечерата. Пијте го така одреден период, а потоа направете пауза.

Доколку пак не сте некој голем обожавател на вкусот на грејпфрутот, во тој случај него заменете го со мандарина или пак со портокал.

Доколку пак овој напиток не ви изгледа доволно предизвикувачки за да го пиете доволно долго за да го постигнете ефектот на рамен стома, во тој случај обидете се истата цел да ја постигнете со подготовка на напиток од банана.

За негова подготовка потребни ќе ви бидат следните состојки:
2 банани
1 портокал
200 мл јогурт
1 лажица кокосово масло
малку ѓумбир
3 лажици ленено семе
3 лажици сурутка во прав

За да го подготвите овој напиток се што треба да направите е да ги измиксирате состојките.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Принцезата Дијана: „Во пресрет на свадбата реков дека не можам да се омажам за Чарлс“

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо
Се вчитува....