11.8 C
Скопје
12:09 - 24 март, 2026

(ВИДЕО) 84 години работи во иста компанија: Стогодишниот Валтер Ортман влезе во Гинисовата книга на рекорди

Бразилецот Валтер Ортман, кој има точно 100 години, влезе во Гинисовата книга на рекорди бидејќи 84 години работи во иста компанија!

Во 1938 година, според бразилските медиуми, Ортман се вработил како млад човек во производството на компанијата за ткаенини „RenaukView“ во Санта Катарина, а подоцна се прместил во администрацијата и стигнал до позицијата директор за продажба.

На 19 април тој го прослави својот 100-ти роденден во друштво на колегите, пријателите и семејството. Велат дека е во добро здравје, одлична ментална бистрина и меморија, внимава што јаде, редовно вежба, па има доволно енергија секој ден да стигне до канцеларијата.


За него титулата Гинисов рекорд е чест и привилегија, а од долгогодишната кариера истакнува дека најдоброто од неговата работа е тоа што бил посветен и корисен.

-Одработив работа полна со волја и борбеност и секогаш бев мотивиран. Не можеш да работиш за да можеш да кажеш дека си вработен. Тоа не функционира. Нема да издржите. Мора да го сакате тоа што го работите – советувал Волтер.

 

 

Слични објави

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо

Со само две состојки ослободете се од непријатниот мирис по готвењето

Еспресо

Што мислите, колку пати луѓето вистински се вљубуваат во текот на животот?

Еспресо

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо
Се вчитува....