00:32 - 6 април, 2026

Викенд љубовџии: Два хороскопски знаци ќе бидат на седмо небо во облаци од страсти

Астролозите именуваа два знака на Зодијакот кој во периодот од 10 ноември заклучно со 12 ноември ќе летаат во облаци и тоа поради љубов.

Кој ќе има среќа во љубовта, голема страст, почеток на романса и бројни изненадувања, прочитајте во продолжение.

Вага

Вагите ќе бидат во центарот на вниманието на спортивниот пол овој викенд. Ќе зрачите со магнетна привлечност, а и самите ќе бидете желни за забава и отворени за флертови. Вагите кои се веќе во стабилна врска ќе посакаат да експериментираат под чаршавите со саканиот/саканата, но не се исклучени ни викенд флертови – сепак, внимавајте, да не влетате безглаво во нова романса. Слободните Ваги ќе бидат кралеви/кралици на љубовните авантури, нема да изостануваат ни понуди за „една незаборавна ноќ“, како ни можности за убава романса која може да прерасне во нешто сериозно. Уживајте на седмото небо.

Бик

Биковите, за разлика од Вагите, нема да имаат сексуални фантазии, туку реални слатки маки во однос на емотивниот живот. Некоја случајна средба или телефонски повик сосема ќе ги помести од колосек. Можно е да се разгори повторно некоја стара љубов. Ваше е да одлучите дали има простор за втора шанса, но во секој случај ќе бидете исполнети со самодоверба и задоволство. Биковите кои се веќе во пар ќе посакаат да ја издигнат врската на ново ниво, затоа отворено разговарајте со партнерот за заеднички живот па дури и за принова во семејството.

Српски астролог предвидува: Во 2023 нè очекува нова пандемија, ќе се користи нуклеарно оружје, светот што го знаеме ќе исчезне!

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....