5.8 C
Скопје
12:03 - 22 декември, 2024

Среќни лампиони за секој хороскопски знак: Какви украси да закачите на новогодишната елка за да ја привлечете среќата за цела 2023 година

Покровителот на 2023 година, Црноводниот зајак, во кинескиот хороскоп е означен како скромен и мирен знак на Зодијакот, кој ја сака природата. Врз основа на карактеристиките на овој знак, на елката оваа година не би требало да закачувате играчки со светли, и премногу светкави бои. Тогаш како да ја декорирате годинава елката според вашиот хороскопски знак.

Овие играчки и лампиони ќе му донесат среќа на вашиот хороскопски знак, затоа е добро од нив да имате повеќе на вашата новогодишна елка.

Овен

Препорачливо е да ја накитите вашата елка во сина нијанса. Ако не сте во можност да купите нови сини лампиони доволно ќе биде син да биде врвот на елката и светилките. Сината е бојата на среќата на Овенот за 2023 година.

Бик

Астролозите препорачуваат да го декорирате вашето дрво со дрвени играчки (или барем да додадете повеќе од нив). Црноводниот зајак ја сака скромноста, и тој ќе ве награди ако им дадете повеќе простор на скромните играчки/лампиони. Одличен украс би дошле шишарките.

Близнаци

Ваша боја е виолетовата. Декорирајте ја елката во виолетова нијанса, за мирна и среќна 2023 година.

Рак

Раковите се секако познати по скромноста, а таа го краси и срноводниот зајак. Белата нијанса многу ќе му се допадне и ќе ве награди со среќна година.

Лав

Иако златната боја секогаш им е омилена на Лавовите, годинава препорачливо е да ја прескокнете. Можеби тешко ќе ви дојде – но ако веќе не можете да избегате од „златото“, годинава за да привлечете среќа накитете ја елката во темно жолта нијанса, но без светки.

Девица

Девиците ќе си ја привлечат среќата со хартиени играчки на нивната елка. Покажете креативност, вклучете ги децата во акцијата китење елка и направете различни украси од хартија. Обојте ги во нијанси по желба, нека биде весело.

Вага

Елегантните Ваги годинава преку својата елка може да си ја покажат елеганцијата на минимализмот. Бели лампиони и едноставни бели (проѕирни) светки. За среќа, избегнувајте шаренило.

Скорпија

На Црноводниот зајак многу ќе му се допадне – верувале или не – црната боја, а тоа е и ваша омилена боја, нели? Најпосле, елка со црни лампиони знае да изгледа многу елегантно и моќно. Додадете светилки во проѕирна нијанса.

Стрелец

Комбинација од дрвени и хартиени играчки ќе бидат најмноќното средство за привлекување на среќата. Па Стрелци, еве ви можност за ново „патување“. Астролозите ве советуваат на вашата „хартиена“ елка да додадете и весели семејни фотографии.

Јарец

Веројатно помисливте дека црвената елка е најдобра, нели? Но  Црноводниот зајак не ја сака премногу црвената боја, за жал. Сепак, имате супер алтернатива. И зелената боја е новогодишна. А во вашиот случај е магнет за среќа за 2023.

Водолија

Џинџербред колаченца, медењаци, бонбончиња…новогодишната елка треба да личи како да сте во продавница за слатки. Црноводниот зајак ги сака слатките – но и морковчињата – па ете ви идеја за среќна и креативна година!

Риби 

Вашата елка годинава може да изгледа како да е излезена од приказната Алиса во земјата на чудата. Како? Инспириајте се од самата приказна. Таму има куп необични предмети кои ќе изгледаат преслатко на вашата елка, од карти за играње до филџанчиња…се тоа може да послужи како украс за вашата елка. На крајот, доколку имате, додадете на врвот еден старински џепен часовник.

 

Слични објави

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо
Се вчитува....