4.8 C
Скопје
03:30 - 21 декември, 2024

Рангирање на НАЈСРЕЌНИТЕ хороскопски знаци (од 25 април до 1 мај): Овните ќе станат поети, Девиците ќе кукаат, Лавовите ќе бегаат од шефот…

Во овој период триумф ќе доживеат водените знаци, полни со емоции и чувствителност. За да се засилат нивните убави чувства, ќе се случи и првото затемнување во 2022 година.

Во рангирањето на најсреќните знаци на хороскопот за неделата од понеделник 25 април до недела 1 мај 2022 година, ќе го видиме триумфот на водните знаци одразен и во љубовта и во сексапилот. Но, внимавајте на многу моќните интроспективни енергии на 30 април!: ќе се случи првото затемнување во годината, во знакот Бик со млада Месечина на 10 степени.

12. Близнаци

Барем до следниот викенд, драги Близнаци, ќе продолжите да бидете апсолутно комплицирани, толку што не треба да се чудите ако реагирате психосоматски на проблемите и добиете главоболка. Можно е и дури и пријателите да ви го затвртат грбот или во најмала рака да ве игнорираат исто како и соработниците на работното место.  За ваквото чудно ваше однесување виновни се многуте планети во знакот Риби кои не сакаат да направат да се насмеете. ИЗдржете го овој период и не преземајте буквално ништо!

11. Стрелец

Работите нема да ви одат од рака ни на професионален ни на приватен план. Единствено што можете да направите во текот на оваа недела е да не влегувате во дискусија ни со членовите на семејството ниту пак со колегите на работното место. Може да се случи и непријатно изненадување или разочарување во некој од блиските пријатели. Ѕвездите ве советуваат преиодов да го искористите за ослободување од негативната енергија преку доглги прошетки, вежбање или медитација.

10. Девица

Венера и Марс во опозиција ќе ви создаваат пречки на секој чекор, па така ќе се чувствувате крајно исцпрени, а и разочарани од љубовта. Проблемот не сте вие, се разбира, туку сите оние цицачи на енергија кои гравитираат околу вас и кои едвај чекаат да ве видат како паѓате. Не им го дозволувајте тоа задоволство! Затоа стегнете заби, не се доверувајте премнуги, не верувајте во никого и продолжите цврсто напред.

9. Водолија

За вас оваа недела ќе биде во знакот на поговорката „брза кучка раѓа слепи кучиња“, а на дневен ред ќе бидат гафовите што ќе ги правите. Затоа внимавајте, ѕвездите ви препорачуваат штом отворите уста, зборовите да ги поминете низ цензурата или преку  доверлив пријател или роднина. Во сите случаи, добро е да го одложите секој проект, па и разговорот лице в лице со партнерите или претпоставените.

8. Овен

Меланхолијата ве зафати како проколнат поет и се жалите на злото на светот, како сите други да ви се виновни, само вие сте во право. Но не е баш така. Обидете се во овој период да ги прочистите вашите чувства и да дефинирате што навистина сакате. Добро време е да расчистите со старите спомени и минатите врски, за да оставите простор за нови.

7. Вага

Толку сте сериозни деновиве што ќе ве видиме како неколкупати ја тресете главата во знак на потврдување, иако воопшто не се согласувате.  Го вложувате вашето време како вистински менаџер кој ја користи секоја минута за својот личен раст. Но од секоја животна лекција се учи. Вашето новостекнато знаење набрзо ќе биде наградено со полн паричник. Вистинско време е и за дополнителни „тезги“.

6. Лав

Невозможно е да се одлучите за работи кои имаат логична смисла овие денови… Во вашиот мозок зборовите се судираат и никако не се редат по важност и значење. Така накратко, ако има личност од која навистина треба да се држите подалеку, тоа е шефот. Ако го видите, бегајте! Одложете ги сите професионални дискусии, а наместо тоа – уживајте во друштво со семејството и пријателите.

5. Јарец

Се чувствувате среќно како штотуку да сте завршиле магистерски студии по јога, а ќе се смеете секојдневно! Среќни, необично за вас но и чувствителни, емотивни и воедно полни со желба да ги слушаме сите проблеми на пријателите и роднините. Блажени се оние кои ќе ве среќаваат и особено оние кои со вас ќе поминат добар дел од денот! Убави вести ќе пристигнуваат од сите страни.

4. Шкорпија

Ќе бидете многу добро расположени и никој нема да поставува премногу прашања за тоа, исто така затоа што ако има едно нешто што едноставно не можете да го направите, тоа е давање разумни одговори. Останатото ќе го компензирате со бакнежи и прегратки кои го одземаат здивот, а ќе зрачите со неверојатен сексапил. Љубовта пред се, и кон сите!

3. Бик

Толку сте полни со енергија што сакате со сите да ја споделите. Сакате да разговарате и со шолјата кафе наутро и со вазната со цвеќиња на работната маса. Навистина, сакате да кажувате убави работи и да давате изјави на љубов толку убави и романтични што дури ќе го засените и Ромео од „Ромео и Јулија“. Не штедете се, се ова двојно ќе ви се врати!

2. Риби

Се чувствувате добро како кога во 9 часот наутро веќе да сте го одработиле часот по јога, сте го испланирале работниот ден и приготвувате здрава и хранлива закуска за вашите деца. Беспрекорно се ќе ви оди од рака, практично совршено. Уживајте во ова чувство бидејќи за вас кои често живеете помеѓу сомнителни чувства на вина, ваков блесок на среќа не е за потценување.

1. Рак

Задоволството што ќе ве обземе оваа недела ќе биде како мачка која лежи на сонце, со полн стомак и со попатни со сеанси за разгалување. Ако ве прашаат да си посакате желба, ќе имате сериозни проблеми: веќе имате практично сè што ве прави среќни!

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....