1.8 C
Скопје
16:12 - 23 декември, 2024

Подгответе се за ултрадраматичната Месечина на 11 август, еве како ќе делува (силно) на хороскопските знаци

Стигнуваме до крајот на летото, и ако оваа сезона тројната ретроградна линија Нептун-Сатурн-Јупитер целосно не го збунила вашиот свет, тогаш следната Месечина сигурно ќе го направи тоа – поточно супермесчината- Полната месечина која ќе го достигне својот врв на 11 август во 21:36 часот по средноевропско време (18:36 часот по локално време).

Супермесечината на есетра – именувана за летниот период кога рибите есетра се позастапени – е ултра драматична супермесечина. Ова значи дека веќе сентименталната Месечина нè поканува да навлеземе подлабоко во изворот на нашите емоции. Добро време е да размислиме за желбите и да ги признаеме мислите и идеите кои сме ги засениле.

Сезоната на Лав поттикна страстни проекти и ни даде самодоверба да преземеме креативни ризици. Пристигнувањето на полната Месечина на 11 август е време за кратка пауза пред да се започне со уметнички иницијативи. „Иако сме возбудени и подготвени за акција на некој начин, овој момент е за препознавање на границите потребни за изградба на колективните слободи што ги бараме“, вели астрологот Ерин Ривер Сандеј за Bustle. „На што и да се фокусирате околу тој датум може да достигне кулминација“.

Полните месечини го завршуваат месечниот лунарен циклус и често се емотивно време на завршување и ослободување. Немојте да се изненадите ако се чувствувате особено деликатно, бидејќи Месечината ги покажува емоциите. Месечината се движи во логичната Водолија и, иако е одличен простор за откритија и прогресивни промени, воздушниот знак има тенденција да се бори да ги процесира чувствата. Можеби го чувствуваат притисокот што доаѓа од раздвојувањето на срцето и умот?

Но, еве како ќе делува на хороскопските знаци.

Овен

Бунтовната енергија на оваа месечина ќе испрати шокови во вашиот свет и ако вие не мислите да се смените ќе ви донесе настан кој од темел ќе ве промени.

Бик

Работите се вжештуваат на работа за вас, Бикови, а уште повеќе тоа ќе се засили со оваа чудна полна месечина. Користете го ова влијание како потсетник за да паузирате, размислувате и да си дозволите да се прилагодите на новонастанатата ситуација.

Близнаци

Искористете го овој момент за да се поврзете со внатрешните чувства што ви носат задоволство, дури и во услови на потенцијални фрустрации на работа. Само така ќе може да напредувате во иднина.

Рак

Ќе делува на вас вознемирувачки зашто ќе се соочите со голема дилема меѓу главата и срцето, а трикот ќе биде да се верува дека има простор да се почестат и двајцата.

Лав

Полната месечина ги нарушува вашите врски. Работите би можеле да бидат турбулентни, затоа обидете се да одите напред со бистар ум и отворено срце. На крајот на краиштата, сепак, ова е ваша сезона.

Девица

Може да се чувствувате под притисок за да се смирите со саканата личност, но и да останете верни на вашите потреби и желби.

Вага

Може да почувствувате борба помеѓу мекиот, емотивно дотеран дел од себе и делот што ве штити. Верувајте му на мекиот дел со кој внатрешно треба да се поврзете.

Скорпија

Скорпиите ќе станат сериозни кога станува збор за домашниот фронт. Тоа може да се рефлектира преку голем проект, како купување куќа,  или пак, рекалибрирање на границите што ги поставуваат со членовите на семејството, особено со родителите.

Стрелец

Ова е мрачно време за Стрелците, период без емоции, затоа не треба да размислувате за никакви прогресивни партнерства – ниту на работа ниту во емотивната сфера.

Јарец

Продолжете да се отворате емотивно. Вистината ослободува! А вие токму сега имате шанса емотивно да пораснете.

Водолија

Оваа полна месечина ви дава моќ да ги прифатите вашите ексцентричности и да ги прославите пресвртниците што сте ги преминале на вашето патување до самооткривање.

Риби

Оваа енергија нема да ја чувствувате толку лошо, дури и ќе придонесе за вашата логичност и сериозност. Можеби е вистинско време наместо само психички и физички да му претставите нешто на светот.

Слични објави

Откриени детали од скандалот со Блејк Лајвли што го тресе Холивуд: „Ме гледаше додека бев топлес!“

Еспресо

Откриено кој е човекот со кој Емина Јаховиќ разменува нежности: Се бакнуваше и со Наташа Беквалац!

Еспресо

(Фото) Колку чинеше последниот стајлинг на Пријовиќ од концертот? Го носат најдобро облечените жени во светот

Еспресо

Две години подоцна: Масимо Савиќ и понатаму живее преку својата музика

Еспресо

(Видео) Публиката ја исвирка Тијана Дапчевиќ: Пејачката го поздрави Ивица Дачиќ и наиде на критики!

Еспресо

Александра Пријовиќ го прекина последниот концерт: Свекрвата Зорица, во солзи, целосно скршена

Еспресо
Се вчитува....