Оваа недела планетата Венера ќе го напушти знакот Риби за да влезе во Овен… А вие, во кој знак сте родени? Дознајте со нас што ви подготвуваат ѕвездите оваа недела!
Овен: добредојде, Венера!
Драг Овен, оваа недела започнува одлично со влегувањето на планетата Венера во вашиот знак! Сите ве очекува месец март полн со љубов и страст. Спојот на Јупитер и Венера во Овен ќе донесе експлозија на виталност, шарм и добра доза на среќа во вашиот живот, дури и на професионално поле. Суперсреќни денови, во овој поглед, ќе бидат среда и четврток, со Месечината исто така во знакот.
Бик: Среќен викенд!
Драг Бик, за жал оваа недела планетата Венера ќе престане да биде активна во ваша корист, но не грижете се, тоа нема да биде неповолен транзит: едноставно ќе остави простор за момент на размислување во кој ќе можете да разберете што навистина сакате од вашата врска и дали до вас е вистинската личност. Викендот ќе биде навистина среќен: во петок, сабота и недела Месечината ќе свети во вашиот знак!
Близнаци: Венера ви возвраќа со насмевка!
Драги Близнаци, конечно оваа недела планетата Венера повторно ќе биде активна во ваша корист! Веќе почнувајќи од понеделник ќе можете да уживате во нејзините благонаклонети влијанија, а љубовта повеќе нема да биде мака, туку ќе се врати за да ви донесе одлично расположение и позитивност. Среќата ќе биде на ваша страна и на работното место, фаворизирана од добронамерните транзити на Меркур и Јупитер. Денови за среќа: среда и четврток.
Рак: кавги и недоразбирања…
Драг Рак, за жал оваа недела планетата Венера ќе престане да биде активна во ваша корист и ќе ви го сврти грбот. Со партнерот би можеле да настанат кавги и недоразбирања… Најнапнати денови ќе бидат среда и четврток, кога дури и Месечината ќе ви донесе тешки моменти. Од друга страна, викендот е посреќен, со убава поволна Месечина од петок до недела. Може да има некои забавувања на работа.
Лав: Добри вести!
Драг Лав, конечно пристигнуваат добри вести за вашиот знак: оваа недела, почнувајќи од понеделник, планетата Венера повторно ќе биде активна во ваша корист, подготвена да ви донесе среќа на полето на чувствата! За слободните може да има нови средби, особено можни во четврток и петок. Во контекст на работата ќе треба да се справите со противењето на Меркур што ќе доведе до дискусии во канцеларија.
Девица: воздишка на олеснување!
Драга Девица, конечно можете да здивнете: оваа недела, почнувајќи од понеделник, планетата Венера повеќе нема да биде во опозиција со вашиот знак! Ако во последниот период на дневен ред беа кавгите и дискусиите со партнерот, сега ќе можете повторно да пронајдете дијалог и, да ја започнете одново врската посилна од порано. Пазете се од тешките денови – понеделник и вторник, со Месечината во опозиција.
Вага: Венера во опозиција
Драга Вага, за жал оваа недела планетата Венера ќе биде во опозиција со вашиот знак… Веќе во понеделник би можеле да настанат несогласувања со партнерот, но најтешките денови ризикуваат да бидат оние од среда до петок, кога спротивставувањето на Месечината ќе ја зголеми тензијата! Поволниот Меркур ви помага да решите некоја работа на работното место.
Скорпија: проблеми во канцеларија
Драга Шкорпија, оваа недела планетата Венера ќе престане да го поддржува вашиот љубовен живот но ако темелите на вашата врска се цврсти, вие и вашиот партнер не ризикувате ништо! Од друга страна, работната ситуација ризикува да биде попроблематична, во која ќе се најдете дека треба да се справите со Меркур во неповолна положба подготвен да генерира недоразбирања и забавувања на работен план. Денови на среќна Месечина: понеделник и вторник.
Стрелец: одлично!
Драг Стрелец, ако во последниот период планетата Венера ве помачи, сега конечно ќе се врати активна во ваша корист, подготвена да ви подари месец март полн со љубов! За осамените ќе биде особено среќен момент за романтични средби… На работа можете да сметате на поддршката од Јупитер и Меркур, кои ќе ви дадат нови можности, а сите тие ќе ги зграпчите во лет! Денови кои треба да ги искористите: среда и четврток.
Јарец: Венера ви го врти грбот…
Драг Јарец, за жал оваа недела планетата Венера ќе ви го заврти грбот: во наредниот период љубовта ќе ви донесе грижи… внимавајте да не ги потценувате тензиите во брачниот живот (или животот во двојка), загрижени како што сте за работните прашања! На работа ќе треба да го почекате месецот мај за се да помине како што сте се надевале. Искористете ги среќните денови на Месечината: понеделник, вторник и викендот!
Водолија: Небото е на ваша страна!
Драга Водолија, оваа недела – почнувајќи од понеделник – Венера повторно ќе биде активна во ваша корист, подготвена да ви подари многу убави емоции и чувства! Планетата на љубовта ќе биде на ваша страна за да ја зајакне новородената врска или да ги врати виталноста и страста на долгогодишната врска. Работната средина е супер-среќна, со Меркур на ваша страна кој ветува добри вести!
Риби: догледање, Венера!
Драги Риби, оваа недела планетата Венера ќе го напушти вашиот знак за да влезе во знакот на Овен, но нејзиното позитивно влијание ќе продолжи да ве обвива и да ја зајакнува вашата врска, особено ако врската е родена неодамна. Понеделник и вторник ќе бидат два суперсреќни денови, со прекрасна Месечина во знакот. На работа може да доживеете уште неколку моменти на замор поради неповолниот транзит на Марс.