9.8 C
Скопје
15:44 - 19 декември, 2024

Љубовен неделен хороскоп: Кои хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во љубовта од 10 до 16 јули

Што ве очекува на љубовен план следната седмица, во периодот од 10 до 16 јули? Астролозите направија љубовен хороскоп за сите знаци на Зодијакот, еве што ви подготвија ѕвездите.

Овен

Априлските Овните се пред донесување важни одлуки поврзани со заедничкиот живот со партнерот/ката. Слободните претставници на вашиот знак, на излегување или забава околу 14 јули, можат да запознаат посебна личност што ќе ги плени, уметник, лекар, психолог… Време е за возбудливи почетоци, но претходно мора да с ослободите од мелахнолијата.

Бик

Ви претстои возбудлив период, со вашата владетелка Венера во куќата на домот, семејството и приватниот бизнис и Марс во куќата на љубовта. Размислувате да влезете во стабилна врска или брак, а ако веќе сте во брак, да реновирате или да купите стан. Родителите може да имаат мали проблеми со своите деца.

Близнаци

Ви претстои динамична недела, исполнета со средби со интересни луѓе, бидејќи на 11 јули Меркур, планетата на комуникацијата и флертот, ќе ѝ се придружи на Венера во Лав, што ќе ви донесе и можност за кратко патување, па и кратки „излети“ (доколку сте во врска). Осамените можат да запознаат личност со која ќе влезат во сериозна врска. Младите Близнаци може да имаат несогласувања со своите родители.

Рак

Напнатите аспекти меѓу Сатурн, кој управува со вашите партнерски односи, и Марс и Плутон, на почетокот на периодот, внесуваат тензија во односот со саканата личност. Внимавајте – од 10 до 12 јули, треба да избегнувате дискусии со Овните, Јарците и Скорпиите.

Лав

Со Венера во вашиот знак, вие сте популарни и добредојдени во секое друштво, особено меѓу спротивниот пол. До 14 јули може да ве привлекува личност која ја познавате преку работа и таа ваша врска да прерасне во нешто посериозно. Влегувањето на Меркур во вашиот знак, на почетокот на периодот, носи запознавање со помлада личност преку некоја социјална мрежа.

Девица

Нагласениот знак Лав, на 11 јули, ве прави склони да го прифатите додворувањето на личност која ќе ја запознаете на интернет или на социјалните мрежи. Од 10 до 12 јули, ќе се сомневате во добрите намери на некој кој е роден во Овен или Јарец. Барајте партнери родени во знаците Бик или Риби, би можеле да остварите убава врска.

Вага

Со оглед на тоа што планетата на дискусијата ќе помине над полето на работа на вашиот партнер, по 10 јули ќе мора да се прилагодите на неговите потреби. Од 10 до 12 јули, ќе имате потреба да се свртите кон дружење со луѓе кои одговараат на вашиот сензибилитет, како што се воздушните и огнените знаци. Стрелецот и Близнаците ќе мислат на вас (и ќе ве сонуваат).

Шкорпија

Во текот на последната четвртина од Месечината во Овен, од 10 до 12 јули, може да се најдете во ситуација да се сомневате во искреноста на саканата личност. Слободните Скорпии во средината на периодот може да очекуваат да се сретнат со луѓе со кои некогаш биле блиски. Членовите на семејството би сакале да им посветите повеќе внимание.

Стрелец

Во овој период ќе бидете многу активни на друштвени настани каде околу 14 и 15 јули ќе запознаете личност со која најверојатно ќе ве запознаат пријателите или колегите. Аспектот помеѓу Сонцето на полето на еротиката и вашиот совладетел Нептун, навестува страсна романса со Шкорпија.

Јарец

Ве очекува возбудлива недела полна со интересни состаноци и познанства. Нагласениот знак Лав, со Венера и Меркур, по 11 јули, навестува можност за влегување во романса со помлада или личност со младешки изглед која се занимава со креативна професија. Девицата размислува за вас, а Шкорпијата сака да ве види.

Водолија

На почетокот на неделата планетата на расправии, кавги и љубомора влегува во астролошката куќа на опасноста каде е нагласено нејзиното влијание, поради што треба да избегнувате конфликти со емотивниот партнер. Еден ден подоцна, планетата на интелектот, Меркур, исто така влегува во Лав, кога осамените Водолии можат да запознаат помлада личност.

Риби

По 10 јули, кога Марс ќе влезе во Девица, на полето на партнерските односи, причина за конфликт со саканата личност може да биде вашата пречувствителност, особено ако се работи за Овен, Лав, Девица или Шкорпија. Родените Риби во третата декада, можат да очекуваат средба со личност, која некогаш ви била емотивен и деловен партнер.

Слични објави

За 10 месеци оштините во Македонија потрошиле 961.000 евра на пејачи: Најмногу се опариле Северина и Јелена Розга со десетици илјади евра

Еспресо

Дарко Лазиќ се бори со вишок килограми, а сега откри дали повторно ќе го намали желудникот

Еспресо

(Фото) Вељко се огласи на посебен ден за семејството Ражнатовиќ: На Дедиње се слави Свети Никола

Еспресо

(Фото) „Кој сака нека честита!“: Марија Шерифовиќ по две години како нова, ја праша публиката за мислење

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Лазар Ристовски и неговата 39-годишна девојка: Аница објави убава вест, честитките се нижат

Еспресо

(Фото) Ги оставија тепачките настрана: Сергеј Трифуновиќ ужива во романтичната Венеција со саканата

Еспресо
Се вчитува....