11:00 - 31 март, 2026

Како со волшебно стапче: Три хороскопски знаци ќе ги решат сите проблеми на почетокот на неделата

Претстојната недела – од 7 до 17 октомври – ќе биде вистинска пресвртница за три хороскопски знаци. Проблемите кои им тежеле и ги мачеле подолго време, одеднаш волшебно ќе им се решат и тоа уште на самиот почеток на неделата.

Кои знаци од Зодијакот ќе се радуваат за олеснувањето прочитајте во продолжение.

Лав

Старата љубовна болка која се обидувате да ја заборавите одеднаш ќе добие нов пресврт. Една случајна средба или телефонски повик сосема ќе ве измести, поточно ќе ја донесе водата на вашата воденица. Сега кога повторно ќе имате контрола на ситуацијата, па дури и на конкретна личност, ваше е да „одиграте“ мудро. Дали навистина ви е потребно старата љубов одново да ја разгорите? Што ќе ви донесе? Размислете добро пред да избрзате.

Близнаци

Во последниов период добар дел од претставниците на овој хороскопски знак беа прилично повлечени во себе, незадоволни или разочарани – а токму тоа на подвижните Близнаци им претставува најголем проблем. Но се одеднаш ќе се промени. Ѕвездите не прецизираат дали ќе станува збор за настан во љубовниот живот или на работното место, но сигурно е дека нешто силно ќе ве помести од „мртвата“ пасивна точка. И одеднаш ќе добиете крилја и ќе видите дека можете и дакате се да направите. Само напред!

Бик

Биковите конечно ќе добијат шанса да го решат проблемот кој долго време им се влече на работното место. До сега бевте збунети и не знаевте зашто – и покрај вложениот труд – ѕвездите ве попречуваат во изнаоѓање на решение. Сепак, истите тие ѕвезди сега ви го отвораат патот до победа. Веројатно станува збор за работна позиција која долго ја очекувате или пак, за финансиска сатисфакција, како и да е, победата е ваша.

Неделен хороскоп (7-13 октомври): Стресна недела за Овните, успех за Лавовите, неодоливост за Скорпиите

 

Слични објави

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо
Се вчитува....