05:43 - 15 ноември, 2024

Најлошите навики на хороскопските знаци: Скорпијата ќе ве прислушкува, Стрелецот ќе си замине без збогум

Астролозите Бре Малефик и Дезир Роби Антила зборуваат за најлошите навики на претставниците на секој знак од Зодијакот, пишува порталот бестлајф-онлајн.

Овен – ги прекинува луѓето
Овенот е амбициозен, горд и секогаш подготвен да го каже своето мислење. Претставниците на овој знак имаат тенденција да дејствуваат импулсивно, да зборуваат пред да размислат и да ги прекинуваат луѓето. Како што објасни Малефик, се чини дека Овенот е неколку чекори пред својот соговорник и треба да биде „фатен“ однапред што сака да каже. Затоа, немаат трпение никого да слушаат долго, особено не филозофии.

Бик – троши премногу пари
Трошењето премногу пари е хоби на Бикот, а тоа ќе го направи со најголема насмевка на лицето. Купувањето нова облека или нарачувањето на омиленото вкусно јадење е нешто што секогаш ќе му помогне на Бикот да се чувствува подобро. Мана? Лесно можат да останат со празен паричник а уште полесно да се здебелат.

Близнаци – неодлучност
Близнаците обично се најнеодлучните луѓе. Ним им е многу тешко да го исклучат мозокот, што ги тера да размислуваат премногу за ситуациите и да се предомислуваат милион пати во минута.

Рак – се затвора во себе
Раковите се емотивни и каприциозни. Тие знаат како да ги воздржат своите чувства во јавноста, но често влегуваат во својот сопствен вртлог на лоши мисли. Штом ќе почнат да се сожалуваат себеси, ќе биде тешко да ги извлечете од таму. Овој знак треба постојано да го храбрите да оди напред.

Лав – неподносливо доцни
Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието. Тие се шармантни и често поминуваат безброј часови за да се дотеруваат, избираат најдобра облека и модни додатоци, но најголема мана е што сметаат дека другите едноставно мораат да ги чекаат.

Девица – ги корегира луѓето
Девицата е одлична во давање практични совети, а конструктивната критика е всушност нејзиниот љубовен јазик. Сепак, сериозниот пристап на Девицата за испорачување на суровата вистина, дури и кога никој не ја побарал, може да биде збунувачки. Како што забележаа астролозите, Девицата е перфекционист што ја принудува да ги контролира ситуациите на микро ниво, понекогаш дури и без да го сфати тоа. А кога една Девица ќе ве исправа, тоа често значи дека ве почитува.

Вага – зависник од телефон
Се разбира, сите ние често ги користиме нашите телефони, но на Вагите им е тешко да се отргнат од него. Зборувањето на телефон секогаш им дава можност на Вагите најдобро да се објаснат, многу подобро отколку што истото можат да го направат лице в лице.

Шкорпија – прислушкува
Скорпиите се таинствени, обично не им веруваат на другите и затоа често прислушуваат за да соберат што повеќе информации.

Стрелец – заминува без збогум
Стрелците постојано се движат од една во друга авантура и затоа не сакаат да губат драгоцени часови на луѓе кои не се грижат за нив. И штом интересот згасне, Стрелецот заминува без воопшто да се збогува со оние што ги сретнал и што биле дел од неговото „патување“.

Јарец – ги одложува работите за подоцна
Јарците се работохоличари, но тоа не мора секогаш да им помага да го организираат своето време. И колку Јарците стануваат поудобни со задачата која ја имаат при рака, толку е поголема веројатноста дека ќе ја одложат до последен момент, предизвикувајќи ненамерен стрес на долг рок.

Водолија – глуми адвокат
Непослушна и независна, Водолијата е многу интелектуална но и испитувачки расположена, што ја тера да преиспитува сè и секого. Исто така, како што забележа астрологот Антила, овој најбунтовнички знак на Зодијакот често изразува нешто штовоопшто не мисли само за да види како ќе реагираат другите. Со еден збор, ужива да глуми адвокат на ѓаволот.

Риби – никогаш сосема будни
Рибите се познати по својата сентименталност. И иако навистина имаат романтична душа, нивната небудност понекогаш ги надминува дозволените граници.

Астропрогноза за сабота, 2 март: Важни вести за Овните, промени за Биковите

Слични објави

Кеба е шокиран: Ќерката на фолкерот се враќа во Србија после 16 години и ќе објави нова песна

Еспресо

Јована Јеремиќ проговори за бременоста: Водителката откри како ќе ѝ се вика синот!

Еспресо

Саша Матиќ е мета на измамници: Во сѐ е вмешан и неговиот брат Дејан Матиќ, а спомна и тужба

Еспресо

Снаата на Новак Ѓоковиќ физички нападнала и навредувала стјуардеса: „Грда си, не знам кој те вработил!“

Еспресо

Марија Шерифовиќ објави слика со својот син: Пејачката го прослави својот 40-ти роденден

Еспресо

(Видео) Цеца ги однела сестра си и снаата во Дубаи: Женското друштво ужива покрај базен

apostolova
Се вчитува....