Овен
Работа: Ќе бидете полни со енергија, но и со внатрешен немир. Можеби ве иритира авторитетот или чувството дека некој се обидува да ве контролира. Денот не е поволен за конфликти, изберете мудрост наместо реакција. Ако сте трпеливи, можете да избегнете недоразбирања и да ја зачувате енергијата за важните одлуки што ве очекуваат.
Љубов: Лесно можете да започнете расправија, дури и за ситници. Обидете се да не се борите за „правилно“, туку за разбирање.
Здравје: Можна напнатост во стомакот и грбот.
Бик
Работа: Можете да решите важен практичен проблем. Иако ќе има хаос околу вас, ќе имате сила да останете фокусирани. Интуицијата може да ви помогне да ја препознаете вистинската можност, но не брзајте со одлуките.
Љубов: Можете да имате сериозен разговор со вашиот партнер што ќе ви ја отвори вратата кон подлабока блискост. Ако сте слободни, можно е пријатно изненадување преку контакт со личност од деловниот свет.
Здравје: Многу добро.
Близнаци
Работа: Ве очекува предизвикувачки ден, можни се несогласувања со колегите или чувство дека некој не ве разбира. Сепак, ако се фокусирате на креативни решенија и комуникација од срце, можете да ја свртите ситуацијата во ваша корист.
Љубов: Може да бидете целосно збунети бидејќи срцето бара едно, а разумот друго. Пуштете го денот помине без важни одлуки. Можеби ќе добиете повик од некој што не сте го очекувале.
Здравје: Напнатост во рамената и вратот.
Рак
Работа: Овој ден им носи голем емотивен набој на Раковите. Ќе бидете фокусирани на потребите на другите, но внимавајте да не се заборавите себеси. Идеално време е за работење зад сцената или во тишина. Не се вклучувајте во туѓи конфликти, чувајте го своето мирно пристаниште.
Љубов: Можеби ќе почувствувате потреба да се повлечете, но некој може да ви покажува внимание на нежен начин. Ако сте во врска, ќе се зближите со вашата сакана личност преку искрени разговори.
Здравје: Чувствителен стомак и таложење течности во телото, избегнувајте тешка храна.
Лав
Работа: Вашата амбиција расте, но ќе наидете на пречки. Не форсирајте работи што не функционираат и не ги одложувајте важните одлуки за друг ден. Можни се проблеми во комуникацијата со претпоставените.
Љубов: Страстите ќе бидат засилени, но и тензиите. Ако сте во врска, избегнувајте драматични настапи. Ако сте слободни, ве привлекува некоја мистериозна личност, но сè уште не ги откривајте сите карти.
Здравје: Можна главоболка поради стрес.
Девица
Работа: Можете да направите важен чекор кон вашата цел, но само ако се потпрете на знаење и трпение. Луѓето можат да побараат ваш совет. Ова е добро време за планирање, но не и за нови почетоци.
Љубов: Ќе бидете суптилно привлечни. Може да ви се отворат можности нежна, но длабока поврзаност со личноста која ви значи.
Здравје: Одлично.
Вага
Работа: Ве очекува напнат ден, можни се несогласувања со колегите, особено ако некој се обиде да си ја преземе заслугата за вашата работа. Сепак, вашиот дипломатски пристап може да ве спаси.
Љубов: Ќе почувствувате нерамнотежа во партнерскиот однос. Можеби ќе сакате поголема блискост, додека другата страна може да биде повлечена. Обидете се да не ги форсирате разговорите.
Здравје: Многу добро.
Скорпија
Работа: Можни се тензии со претпоставените, но и силна инспирација за иднината. Некои од вашите планови може да се искомплицираат, но ако останете смирени, ќе успеете да ги свртите во ваша корист. Бидете внимателни во вашата комуникација.
Љубов: Емоциите се интензивни и ви е потребна поголема приватност. Ако сте во врска, можете да дојдете до подлабоко разбирање преку тишина и мир. Ако сте слободни, некој од минатото може да се појави неочекувано.
Здравје: Чувствителност во пределот на гениталиите или бубрезите.
Стрелец
Работа: Денот носи потреба за ослободување и излегување од рутината. Можеби некој ќе се обиде да ве задржи во рамките, но вие имате потреба од слобода на изразување. Сепак, не бегајте од одговорноста, пронајдете рамнотежа.
Љубов: Можно е ненадејно запознавање со личност која интелектуално ве воодушевува. Во врската, можни се несогласувања околу плановите, но брзо ќе ги надминете.
Здравје: Внимавајте на нозете и циркулацијата.
Јарец
Работа: Можеби ќе имате можност да донесете важна одлука, но не заборавајте да ја погледнете пошироката слика. Нешто што изгледа како препрека, всушност може да биде скриена можност. Соработката со доверлива личност може да биде клучна.
Љубов: Доколку сте во врска, вашиот партнер може да покаже нежност која ќе ви ја врати сигурноста. Ако сте слободни, можно е познанство преку деловниот сегмент.
Здравје: Многу добро.
Водолија
Работа: Немирот може да ве натера да реагирате премногу брзо. Можни се несогласувања со луѓе кои не ја делат вашата визија. Важно е да бидете тактични и да не влегувате во расправии.
Љубов: Нешто се менува во динамиката на вашата врска. Можно е да почувствувате дистанца, но не инсистирајте веднаш на разговор.
Здравје: Напнатост.
Риби
Работа: Ќе имате сила да ги спроведете вашите идеи на начин што ќе остави длабок впечаток. Лесно се поврзувате со луѓе, а вашата интуиција ве води кон вистинските контакти. Добар ден за креативна работа и соработка.
Љубов: Ќе бидете нежни, емотивни и отворени за блискост. Може да ви се отврои вратата кон подлабоко разбирање, особено ако покажете што навистина чувствувате.
Здравје: Одлично.