15.8 C
Скопје
17:05 - 10 март, 2026

Два хороскопски знаци со најголема веројатност да станат милијардери: Еве кои се среќниците

Оние кои се занимаваат со астрологија знаат дека вашиот хороскопски знак одредува многу особини на личноста, вклучувајќи амбиција, конкурентност и деловна острина – карактеристики кои обично им помагаат на луѓето да се збогатат. Едно ново истражување покажа кои знаци имаат поголема веројатност да станат милионери и милијардери од другите.

Британските астролози ги анализирале хороскопските знаци на 50-те најбогати луѓе во светот и дошле до заклучок дека претставниците на знаците Овен и Вага најчесто заработуваат милијарди.

Според астрологот Кели Фокс, главните предности на Овенот се нивните лидерски квалитети и конкурентност. Меѓутоа, во исто време, претставниците на овој знак знаат да бидат премногу импулсивни и нетрпеливи. „Решението е да се привлече одговорен, постабилен деловен партнер“, советува експерт во коментар за Express.co.uk

Вагите, напротив, се резервирани и знаат добро да штедат, а имаат и вродена претприемачка жичка. Така, можеби, Овенот кој сака да се збогати треба да бара претставник на знакот Вага како деловен партнер – тогаш тоа ќе биде идеален тандем, каде што секој ќе ги компензира слабостите на другиот.

Меѓу Овните познати по своето богатство се основачот на шпанскиот моден бренд- гигантнот Индитекс, Амансио Ортега, поранешниот извршен директор на Мајкрософт, Стив Балмер и ко-основачот на Гугл, Лери Пејџ. Меѓу Вагите: дизајнерот Ралф Лорен, претседателот на H&M, Стефан Персон и поранешната косопственичка на L’Oréal, Лилиан Бетенкур.

Инаку, Лавовите се на трето место меѓу потенцијалните милијардери. Имаат голема харизма, амбициозни се и често не се стремат само кон богатство, туку и кон слава. Сепак, не сите од нив се способни да преземат вистинска акција за да ги постигнат своите цели. „Некои Лавови можат да станат богати и познати, додека други можат само да сонуваат за тоа, чекајќи некој да дојде и да им го даде на подарок“, објаснува Кели Фокс. Меѓу познатите и богати Лавови се ко-основачот на Гугл, Сергеј Брин и основачот на Оракл, Лери Елисон.

Слични објави

Сопругата на Дарко Лазиќ бесно возврати: Државата не ни го плати ниту одморот, ниту враќањето од Малдивите!

Еспресо

Јаков Јозиновиќ по скандалот со откажаниот концерт на Цецински: „Ние продолжуваме да шириме љубов“

Еспресо

(Фото) Еве како изгледа единствениот син на Тони Цетински: Живее далеку од Хрватска и има успешна кариера

Еспресо

„Ми се врати детето“: Луна Ѓогани конечно во прегратката на мајка ѝ и ќерките по драмата на Блискиот Исток

apostolova

Необична слика од Маја Панчева, пејачката изненади од рано наутро

msp-admin

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin
Се вчитува....