-3.2 C
Скопје
03:53 - 23 декември, 2024

Вашиот дневен хороскоп за 17 ноември: Потребни ви се дистанца и спокој

Unsplash

Овен

На деловно поле, оние што се занимаваат со истражувачки професии, денес би можеле да го добијат успехот што долго го посакуваат. На емотивно поле, ќе ѝ одолеете на секоја провокација и ќе најдете мир во приватните односи со саканата личност. Ќе почувствувате олеснување и намалување на напнатоста. Конечно почнувате позитивно да размислувате.

Бик

Треба да бидете повнимателни и да размислувате не само за вашите чувства, туку и за чувствата на другите. Со леснотија ќе ги исполните и ќе имате доволно енергија и мотивација да се посветите на обврските и целите. Премногу сериозниот пристап кон животот нема да ви користи никако, но што и да се случи, смислата за хумор ќе ви биде прв помошник.

Близнаци

Денес ќе ви изгледа како она што го работите да не е доволно стабилно или една ситница ќе ве натера да мислите дека ништо не е сигурно. Време е за трансформации. Можеби до вас ќе дојдат некои информации за вас или во врска со пријателството или деловниот сегмент, но многу е важно да ја проверите вистината. Бидете поодговорни за вашето здравје.

Рак

На приватно поле, вашите идеи повеќе не се фантазија, туку ќе почнете проект за кој толку долго се радувате. Не дозволувајте дури ниту за љубовта што ја чувствувате, некој да ве искористува за своите желби. На деловно поле, ќе имате наплив од нови идеи и нови можности. Ќе бидете непресушен извор на нови идеи. Можни проблеми со тироидната жлезда.

Лав

Финансиската состојба може да го бара вашето внимание денес. Анксиозноста и загриженоста што ги чувствувате може да бидат поврзани со домот. Не се муртете и депримирате кога станува збор за љубовта. Постојат многу работи за кои треба да се грижите, но многу е важно да останете позитивни. Внимавајте на килограмите, претерувате со јадењето!

Девица

Препуштете му се на мечтаењето. Идеите тогаш ќе ви дојдат сами. Добро запаметете ги за идните потфати. Повеќе сте расположени да бидете во друштво на пријателите отколку на партнерот, а тоа ќе го налути вашиот партнер. Вашето однесување укажува на претерано истакнување на вашите способности, а партнерот тоа ќе го доживее како да го омаловажувате.

Вага

Неусогласените прашања можат да бидат тема на разговор и мора да се однесувате кон нив претпазливо и со внимание. Важно е да наведете колку ви е важна вашата врска и колку ви значи партнерот, но тоа да го покажете и на дело. Растроени сте и невнимателни на работа. Некој од страна одвај чека вие да направите грешка, па да ликува!

Скорпија

Некои припадници на вашиот знак ќе решат да направат нов чекор кога станува збор за  односот со партнерот. Ќе научите многу работи од дискусиите на љубовно поле. Ќе имате големо влијание врз другите луѓе и ќе ги изненадите со мудри мисли. Не ја злоупотребувајте својата моќ и не ставајте никого од притисок. Среќата ќе ви се насмевне на финансиско поле.

Стрелец

Можно е денот да не ви биде поволен на деловно поле и ќе биде потребно малку да го забавите темпото. Во љубовта не сте многу сигурни дали со сегашниот партнер сакате да останете на долги патеки. Вие и не сте познати по долгите врски. По извесно време поминато во врска, вам во станува здодевно. Тоа е затоа што премногу си ја цените слободата.

Јарец

Во наредниот период, ќе ги остварите промените што ги посакувавте. Периодот пред вас е добар, па искористете го. Ве очекува мирен ден во односот со саканата личност. Колку и да имате пари, не ви се доволни. Вашите желби и апетити се големи. Ве очекуваат непланирани трошоци, но вие прво ќе си ја задоволите желбата, а потоа ќе мислите на друго.

Водолија

Можете да очекувате значителен напредок на полето за приватен бизнис. Пред вас е недела во која многу нешта ќе решите. Во љубовта, вашите емоции се стабилни, знаете што точно сакате и со кого. Слободните, пак, на љубовното поле ги очекува интересна средба со личност со која може да доживеат страсна врска. Насекаде ќе летаат љубовни искри.

Риби

Потребни ви се дистанца и спокој. Финансиите можат да ви донесат загриженост, но работата не смее да страда. Потрудете се да направите сè што можете вие. Вашиот партнер се чувствува запоставено, но нема да ве заморува со зборови. Тој едноставно ќе се оддалечи од вас. Ќе страдате од несоници и проблеми со дишните патишта.

Слични објави

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Хороскоп за 21 декември: Овните се оптоварени со љубовта

Еспресо

Хороскоп за 20 декември: Лавовите ги очекува невидена страст во љубовта, Скорпиите да внимаваат на парите

Еспресо

Хороскоп за 19 декември: Биковите ќе „пливаат“ во пари, Близнаците ги очекува динамичен ден во љубовта

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova

Хороскоп за 17 декември: Овните ги очекуваат промени, Лавовите ќе уживаат во љубовта

apostolova
Се вчитува....