-2.2 C
Скопје
20:18 - 22 декември, 2024

Дневен хороскоп за 11 јуни: Послушајте го вашиот внатрешен глас

Овен
Вашата положба би можела да биде и подобра, но вие не го знаете вистинскиот начин. Досега требаше да ги завршите подготовките за некоја нова работа. Ви недостасуваат пари, но не грижете се, ќе добиете заем. Постои можност да ви се врати поранешната љубов. Ако неодамна ја прекинавте врската, на повидок е смирување. Можни се проблеми со дишните патишта и со алергиите.

Бик
Одлуките што ги донесувате сега можат да го обележат вашето поле за кариера во иднина. Денес ќе ја добиете помошта што ви е потребна за да можете да ги извршите сите деловни обврски. Ако сте загрижени за врската што ја имате со партнерот – може да очекувате олеснување. Сè ќе биде подобро за вас, само малку трпение. Мали проблеми со притисокот.

Близнаци
Добро би било да прифатите дел од одговорноста и да продолжите од каде застанавте. Ова е важен период за работа, особено за реализирање на плановите што ги правите со своите колеги. Соберете ги документите за отворање на нов бизнис или за купување недвижности. Во љубовта бевте нереални и го идеализиравте партнерот. Ќе слушнете нешто што тој ви премолчил.

Рак
Можно е да имате проблеми со соработниците. Деловните околности не се во ваша корист. Ви се допаѓа личност која е во странство и со која имате повремена комуникација. Ако сте во врска, можете да очекувате партнерот да ви предложи брак! Се обидувате да најдете храброст за предлогот. Не е лесно за вас отворено да ги покажувате своите чувства. Синусите ви се чувствителни.

Лав
Денес среќата е на ваша страна, па искористете ја максимално. На работното место ќе бидете преплавени со обврски, но навреме ќе ги завршите сите. Имајте на ум дека сите моментални проблеми можат да се решат во присуство на блиска личност, не потпирајте се само на себе. Конечно, желбата за долгоочекуваниот повик од некоја личност ќе ви стане реалност. Можно е да ве покани на кафе.

Девица
Понекогаш не е лесно да се оствари некаков договор, па затоа внимавајте кои зборови ги користите во друштво на вашите соработници. По завршувањето на работното време, можете да се опуштите со вкусен ручек со вашата сакана личност. Притоа добро размислете пред да донесете одлука доколку сакате да избегнете сериозна грешка во односот со партнерот. Среќно!

Вага
Вечерва, излезете со пријателите на кои им недостасувате во последно време поради вашата презафатеност. Прифатете го фактот дека денес едноставно не е ваш ден. Наместо да се преоптоварувате со тоа и да се нервирате затоа што извршувањето на дадените задачи не ви оди од рака, подобро би било да ја поминете вечерта со некој на кого можете да се потпрете. Релаксирајте се!

Скорпија
Престанете да бидете дрски и бидете љубезни со сите. Никогаш не знаете кога некој ќе ви затреба. Партнерот е вљубен во вас, но ве тестира колку можете да му прогледувате низ прсти и да го толерирате неговото игнорирање. Ако сте сингл, можна е тајна емотивна афера или ќе го обновите контактот со некоја од поранешните љубови. Можеби ве очекуваат изненадувања.

Стрелец
Конечно можете да се ослободите од притисокот што го чувствувавте на работното место. Состојбата ви се подобрува, ќе имате повеќе ентузијазам. Можно е да го смените работното место. Емотивниот живот ви се подобрува. Некој што ви зададе болка ќе го преболите. Ќе се заинтересирате за личноста која неодамна ја запознавте. Внимавајте на имунитетот.

Јарец
Вашата позиција постепено слабее, па ќе мора да се потпирате на помошта на колегите. Имате големи планови за работата. Ќе ги добиете очекуваните пари, но ќе ги потрошите на небитни работи. Емотивно расцутување е на хоризонтот. Лицето со кое не расчистивте во целост, ќе сака да се врати ви вашиот живот. Меѓутоа, вам во меѓувреме ви се допадна некој друг. Ќе ви биде интересно.

Водолија
По еден подолг период на разочарување во социјалните и емотивните области на животот, изненадувачки ќе бидете успешни. Оваа ненадејна промена ќе ве поттикне да размислувате. Искористете ги овие поволни околности. Бидете внимателни и уверете се дека нема да ги разочарате пријателите! Излезете му во пресрет на загрижениот пријател и поканете го на ручек.

Риби
Имате потреба да воведете некои промени во вашиот живот, но сѐ уште не знаете кои ви се приоритетите. Послушајте го вашиот внатрешен глас или совет од некоја личност која добро ве познава, и нема да згрешите. Доколку планирате некој поголем трошок, испланирајте ги однапред сите трошоци. Ве очекува емоционален повик од некој близок пријател, кој има многу грижи.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....