6.8 C
Скопје
05:58 - 21 февруари, 2026

Астро прогноза за сабота, 24 септември

Овен
Премногу се потпирате на некој што воопшто не може да ве следи. Го преценивте соработникот, а тоа може скапо да ве чини. Пречувствителни сте и не дозволувате никој да ви се приближи. Отворено покажете ги своите чувства и нема да погрешите. Играјте со отворени карти. Овој пат среќата двојно ќе ви се насмевне.

Бик
Ве нервираат некои мали пропусти и грешки на соработниците. Не обидувајте се да држите сè под контрола. Нема да успеете. Личност во знакот на Водолија се обидува на секој начин да го сврти вашето внимание кон себе. Пуштете ја да ви се приближи. Денес конечно тргнете го невидливиот ѕид зад кој се криете подолго време.

Близнаци
Ја преземате одговорноста за грешките и пропустите на другите луѓе и вашата добрина може скапо да ве чини. Ве очекува огромен прилив на пари. Ако неодамна сте ја прекинале емотивната врска, можно е да ја обновите денес. Бидете целосно искрени. Бидете отворени кон саканата личност, а истото барајте го и од неа.

Рак
Не инсистирајте на тоа денес да го истакнете своето мислење. Вашите планови не можат да се реализираат сега. Ако сте слободни, ќе уживате во вниманието на личност во знакот на девица. Ако сте во врска, денес нема посебни случувања. Емотивниот однос влегува во сферата на монотонијата и рутината. Разбудете се!

Лав
Помошта пристигнува од личност со која соработувате долго време. Денес ќе имате напнат однос со претпоставените. Сакате да го промените вашиот статус и денес сериозно размислувате за тоа. Партнерот очекува нешто од вас. Можеби нешто сте му ветиле, а не сте го исполниле. Обидете се да се сетите што може да биде во прашање.

Девица
Опкружени сте со силни конкуренти, но ќе ја покажете вашата волја и сериозност во клучниот момент и ќе успеете да ги надминете сите околу вас. Емотивниот живот е во криза поради долгорочната недоверба. Бидете внимателни да не дојде до сериозен конфликт. Важно е да не паничите и да не правите хистерични сцени.

Вага
На деловно поле, на крајот на денот, ќе имате разговор со работодавецот. Прифатете ја понудата и сфатете ја како можност за напредување. Не е во прашање непристојна понуда. Во љубовта сте задоволни и делувате неодоливо на вашето опкружување, но конечно мора да донесете одлука чија понуда ќе ја прифатите.

Скорпија
Очекувајте неколку убави настани на работното место. Ќе имате можност да доживеете пофалби на сметка на вашата работа. Емотивниот живот денес е во втор план. Имате потреба да бидете сами, но на тој начин не бегајте од проблемите. Одморете и подоцна соочете се со нив. Можни се проблеми со грлото.

Стрелец
Ако планирате важен разговор, обидете се да се фокусирате на клучните работи. Избегнувајте опширни изнесувања, туку бидете конкретни и кратки. Во љубовта, чувствувате дека партнерот има што да ви каже. Направивте добра проценка, само уште треба да го натерате на разговор. Здравје: Проверете ја крвната слика.

Јарец
Личност во знакот на Рак ќе предложи деловна соработка. Согласете се со условите и искористете ја можноста која што толку долго ја чекавте. На емотивно поле, ова е вистинско време да ѝ пријдете на личноста што ви се допаѓа. Нема да одолее на вашиот шарм и духовитоста. Конечно ќе се чувствувате добро во сопствената кожа.

Водолија
Неопходно ви е трпение за да успеете да дојдете до посакуваната цел. Не дозволувајте соработникот да ве испровоцира. Контролирајте се. Едно лице во знакот на стрелец сака да ви изјави љубов. Вашите тајни желби можат да се остварат. Долго време ја потиснувавте желбата да се вљубите, сега уживајте во љубовта.

Риби
Проверете ја целата документација бидејќи постои можност да се провлече некоја грешка. На близок соработник му треба вашата поддршка. Не избегнувајте го. Во љубовта ве очекува крајно поволен ден. Сè што посакувате, сега можете да постигнете. Саканата личност ве поддржува во сѐ. Се чувствувате многу изморено.

 

 

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....