7.8 C
Скопје
23:21 - 31 октомври, 2024

Астро прогноза за недела, 25 септември

Овен
Важно е да исполнувате различни очекувања на добар професионален начин. Пружете му на вашето семејство или на саканата личност многу радости и повеќе од добра забава. Со искрени намери израдувајте ја личноста за која имате силни чувства. Ќе уживате во емотивна средба и некоја омилена забава. Парична добивка.

Бик
Ќе помогнете некому кој ќе ви биде многу благодарен за овој гест. Ќе научите нови работи што сигурно ќе ви се најдат во иднина. Ако сте сингл, ќе имате можност да го подобрите љубовниот живот. Ве интересира една личност од ваше опкружување. Ослободете се од сомнежите и верувајте во себе.

Близнаци
Ако случајно се најдете во вистинското време и на вистинското место, ве очекува деловен профит или некаков вид јавно признание. Успехот произлегува од добрите подготовки. Проценете ја вашата улога и место во редовите на соработка. Во љубовта, важно е да постапувате магично и афирмативно врз партнерот.

Рак
Имате добро претчувство и со нетрпение го исчекувате деловниот разговор со влијателна личност. Важно е правилно да ги потенцирате вашите професионални способности, но не и да загрозувате нечии интереси. Поттикнете го кај себе истражувачкиот дух и смислата за добар вкус во многуте ситуации во приватниот живот.

Лав
Средбата со една личност има поучен ефект врз вашиот начин на размислување. Затоа, обрнете внимание на новите информации што откриваат важни детали за деловната соработка. Покажете поголема селективност во размислувањето. Веднаш не ја прифаќајте пружената рака, не знаете што ќе добиете од понуденото.

Девица
Некој го нарушува вашиот деловен концепт, затоа сте принудени да најдете заобиколно решение. Понекогаш е тешко да се усогласат различните интереси и заедничкиот деловен ритам. Емоционално сте вознемирени. Сакате да оставите позитивен впечаток на личноста што ја сакате, но не можете да го најдете начинот.

Вага
Во согласност со емотивната инспирација што ја чувствувате, искористете ги своите заводливи способности. Некој, кој до вчера бил секогаш на вашата страна и ве поддржувал, сега може да стане ваш критичар и да ве осудува. Наместо да возвраќате на ударот, послушајте што ќе ви каже. Размислете добро како ќе постапите.

Скорпија
Можеби саканата личност ќе ве изненади со еден предлог, кој ќе предизвика мал шок кај вас. Не дека досега не сте се посомневале во тоа, но никогаш гласно не го изговорил никој од вас. Вашите претпоставени би можеле пред вас да претстават еден предлог што е малку чуден. Прво добро размислете, а потоа дебатирајте за него.

Стрелец
Колку и да се трудите, сепак не можете да ја пронајдете вистинската улога со која ќе ги претставите вашите искрени чувства пред саканата личност. Веќе сте изморени од покажување и докажување. На деловно поле, вашата креативна страна е нагласена па ќе пронајдете неколку добри решение за вашето напредување.

Јарец
Денес, не дозволувајте некој од можеби помалку себични мотиви да ја попречува вашата волја и право да направите емотивни избори. На крајот, заклучувате дека сепак заслужувате подобар или поубав третман и однос. Поради емотивната несигурност понекогаш делувате строго и со премногу барања кон саканата личност.

Водолија
Вие сте во некој ваш свет и се исклучувате од надворешните случувања. Околината е малку изненадена од тоа но вие не чувствувате потреба да ги објаснувате причините за тоа што ви се случува. Овој пат решивте никому да не давате објаснување за ништо. Сами се борите за сѐ и имате доволно елан да успеете.

Риби
Време е добро да размислите за минатото и да сфатите каде сте згрешиле, но сепак, време е да се свртите кон иднината. Денес е можна тајна средба која ќе разбуди емоции кај вас и ќе ви даде нова надеж. Финансиите се на ваша страна. На повидок добивка, се работи за дополнителен хонорар или за пари од скриени извори.

Слични објави

Миле Китиќ проговори за Нада од Чикаго од која добивал пари за интимни врски: „Морав да пијам за да спијам со неа“

Еспресо

Петар Грашо и Хана Хуљиќ го добија второто дете, синот доби интересно име

Еспресо

(Видео) Николина Пишек повеќе не е бринета: Хрватската водителка драстично ја промени фризурата

Еспресо

Миле Китиќ ја откри вистината за тврдењата дека добивал пари за сексуални услуги

Еспресо

(Видео) Здравко Чолиќ за првпат „уловен“ со помалата ќерка: Гордиот татко на прошетка со Лара низ Белград

Еспресо

Интервју со д-р Михаил Таушанов, Клиника „Жан Митрев“: Има доволно можности за профефсионален развој во земјава

еспресо
Се вчитува....