-2.2 C
Скопје
04:24 - 22 декември, 2024

Астро прогноза за 13 јули, среда

Овен

Ова не е најдобар ден за Овновите. На љубовен план, можни се многу недоразбирања со партнерот за тривијални прашања. Кај слободните Овни пак, страста може да достигне „вулкански“ размери. Во вечерните часови очекувајте волшебни состаноци. На работа, постапувајте претпазливо. Лошата поставеност на Марс би можела да предизвика напорен период, особено од економско-финансиска гледна точка.

Бик

Одличен ден за повеќето родени во знакот на Бик. Во љубовта, ќе се чувствувате сакани и задоволни. Денес ќе увидите што значи да се биде во прегратката на саканата личност и колку всушност заедништвото ви е неопходно. За слободните Бикови – шанса за нови состаноци и добри вести. На работа, ќе можете да бидете прецизни и организирани како никогаш порано. Исто така, ќе има позитивни резултати за оние кои веќе започнале преговори.

Близнаци

Ѕвездите ветуваат мирен ден, обележан речиси целосно со вообичаена рутина. Оние кои се во врска, ќе се чувствуваат подготвени да се ослободат од секаков хаос кој претходно настанал и да ги стават работите во ред. За слободните Близнаци, ова е еден позначаен период. Многумина кои го барале партнерот на душата, сега ќе бидат во можност да го најдат. На работа, ѕвездите повикуваат на претпазливост. Мали економски проблеми можат да ви создадат вознемирување.

Рак

Целосно убав и удобен ден, особено во сентименталното поле.  Месечина ќе биде до 90% позитивна, затоа пред вас се прекрасни моменти со саканата личност. За осамените Ракови, може да се појават ненадејни промени: „играјте“ внимателно, немојте да ги прокоцкувате шансите. На работа, со помалку труд ќе постигнувате одлични резултати. Совет од ѕвездите е да се наоружате со оптимизам и да ја користите повеќе интуитивноста.

Лав

Не многу поволен ден за Лавовите. Во љубовта многумина ќе бидат занесени од илузијата и нема да гледаат реално на работите. Можни се и разочарувања. Осамените Лавови, нема да имаат многу јасни идеи, но за возврат ќе уживаат во магијата на некоја преодна љубовна приказна. На работа, воопшто не сте пред лесен период – обидете се да балансирате и да давате дипломатски одговори. Ѕвездите советуваат да го контролирате гневот.

Девица

Не многу лесен ден за родените во знакот на Девица. Во љубовта, за повеќето од вас овој ден ќе го почувствувате како тежок. Некои пак, конечно ќе се обидат да се запознаат повеќе со потребите на партнерот – едноставен, но многу ефикасен начин да се врати довербата кај оние што ве сакаат. Слободните, ќе се чувствуваат чудно и немирно. Бидете внимателни да не предизвикувате тензии ако сте во „близок” контакт со некој за кој ви е грижа, би ризикувале да го загубите! На работа, периодот може да има малку груби тонови: нема да можете да работите тивко, но ѕвездите ве советуваат да се контролирате.

Вага

Ќе се чувствувате особено силни во однос на чувствата воопшто, но на крајот (како и обично!) ќе ја одложите секоја одлука. Во љубовта, ќе имате повеќе од една причина да се радувате во напредокот на тековната врска: минувате низ прекрасен период, уживајте во тоа! Слободните, ако малку ризкиуваат, може да го вкусат вкусот на непознатото. Преземете чекори, ѕвездите ве охрабруваат и поддржуваат. И на работен план, ова е добар период, во моментов имате валидни идеи, па ќе биде добро да ги ставите во пракса: не чекајте премногу долго за реализација.

Шкорпија

Ден полн со енергија за Шкорпиите. Во љубовта, избегнувајќи да бидете директни или експлицитни, обидете се да зборувате јасно со саканото лице. Нема да биде лошо да ги „одмаглите“ вашите чувства, вашите стравови, поплаки и сите желби: за возврат ќе добиете возвратени чувства! Слободните, денес ќе се чувствуват подготвени да ја пронајдат вистинската личност, можеби ви е „пред нос“,  погледнете. На работа, ќе мора да вложите повеќе труд од вообичаено, но барем плодовите од вашиот напор на крајот ќе бидат видливи.

Стрелец

Ден во кој, најверојатно, ќе се чувствувате еуфорично и пријателски расположени со сите, особено со најблиските. Во љубовта, ќе достигнете совршена хармонија со партнерот. Ќе се чувствувате целосно исполнети, па искористите го овој прекрасен ден! Слободните Стрелци, можеби веќе сте подготвени за доближување до лицето кое ви значи, оваа љубовна приказна која ви изгледа минлива, изгледа дека ќе има поголема стабилност отколку што замислувате. Во работата, ќе најдете ефективни решенија за секој проблем, искористете ја поддршката од ѕвездите да ги решите заостанатите проблеми.

Јарец

Добар ден според најновите предвидувања на ѕвездите. Работите ќе се решаваат сами од себе, како што напредува денот. Љубовта ќе ви се насмее ако знаете да се насмевнете: дури и ако поминувате низ „сиви“ моменти, конечно ќе ја видите светлината и ќе успеете буквално во се што ќе посакате. Сингловите, треба да научат да живеат во моментот без да размислат дали во иднина ќе поминат добро или не. Избегнувајте да ги програмирате работите до најмалите детали. Во работата, Меркур со квадрат со Сатурн нема да ви дозволи да направите грешки или пропусти: смирено ќе ги „соберете“ сите заслуги.

Водолија

Ѕвездите препорачуваат денес внимателно да ја конторлирате импулсивноста.  Во сентименталното поле, дури и тука ќе биде подобро да се молчи барем за момент. Бидејќи денес ќе имате „искривена слика“ за работите ќе биде подобро да се држите настрана од дискусиите со вашата драга личност. За слободните Водолии, ѕвездите советууваат трпение, ова не е ден во кој треба да се носат одлуки и да се преземаат брзи чекори.  Во работата, ова е период во кој ќе почувствувате забавување, па затоа можеби е вистинско време да внесете нови и интересни идеи во професионалниот живот. Оние кои работат со вас можеби ќе се прашуваат зошто сте помалку инвентивни од вообичаеното: останете смирени, не реагирајте, туку насмевнете се.

Риби

Одличен ден за родените во знакот на Риби во кој ќе се отворат можности да ги освоите целите, што до не одамна ви се чинеше незамисливо. Во врска со љубовта, нема да ви требаат зборови или поетските рими, само нежност, страствена прегратка и внимателен гест. И навистина ќе уживате во миговите со партнерот. Осамените Риби пак, од друга страна, ќе посакаат да започнат нешто сериозно и долготрајно: погледнете наоколу, можеби некој чека на вас? На работа, одлични можности за заработувачка и започнување на нови проекти, соберете ја секоја шанса „во лет“ и не пропуштајте ништо.

Слични објави

Хороскоп за 21 декември: Овните се оптоварени со љубовта

Еспресо

Хороскоп за 20 декември: Лавовите ги очекува невидена страст во љубовта, Скорпиите да внимаваат на парите

Еспресо

Хороскоп за 19 декември: Биковите ќе „пливаат“ во пари, Близнаците ги очекува динамичен ден во љубовта

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova

Хороскоп за 17 декември: Овните ги очекуваат промени, Лавовите ќе уживаат во љубовта

apostolova

Хороскоп за 16 декември: Стрелците ќе имаат љубовна авантура, Јарците ги очекува финансиски успех

Еспресо
Се вчитува....