2.8 C
Скопје
19:05 - 17 декември, 2024

Хороскоп за април 2023 година: За Близнаците подароци, за Девицата пари, за Бикот загуби

Астрологот Наталија Власенко направи прогноза за април 2023 година за сите знаци на Зодијакот.

За некого вториот месец од пролетта ќе биде забавен и весел, а за некого подготвил нови предизвици.

Овен

Промени во себе, во вашето тело, ќе сакате да бидете светли, забележливи. Некои Овни може да почувствуваат желба за духовност, но некои ќе имаат и чувство на осаменост. Може да има непланирани трошоци. Во април ќе имате повеќе сомнеж во себе и во вашите цели.

Бик

Може да почувствувате чувство на осаменост или да доживеете голема финансиска загуба. Ако планирате патување во странство, добро е да го реазлизирате во април, или било каков одмор е покорисен сега отколку денови загубени на неефикасна работа.

Близнаци

Месец на познанства, нови луѓе, истомисленици. Може да има конфликти со пријателите. Дополнителен приход или подароци се на повидок. Од друга страна на љубовен план ќе се соочите со идеализација во врските, но и со недостаток на љубов.

Рак

Промени на работа, ве очекуваат нови познанства. Може да има службени патувања или почести кратки атувања. Можете да бидете ментор на некого, а има можности и за унапредување. Внимавајте на проблеми со законот, на обработка на документи, па дури и на потпишување на поголеми договори.

Лав

Април ќе ви донесе нови студии, проширување на хоризонтите, патувања. Возбуда од работа, но има и психолошка напнатост до средината на април. Може да дојде до пад на идеализацијата, да не знаете зошто правите нешто… Исто така, промени во приходите може да очекувате во другата половина на месецот, секако, на подобро.

Девица

Пари доаѓаат кај вас, но како да не сте ги заработиле, односно ќе ги добиете лесно. Можеби ќе се зголемат приходите или на вас, или на вашиот партнер но во секој случај ќе се чувствувате финансиски задоволни. Може да има и зголемување на сексуалната желба која ќе ве стави во чудни ситуации. Криза, неочекувани ситуации пак, на работното место. Нови познанства до средината на април ќе ви го збогатат животот.

Вага

Грижете се за вашето здравје до средината на април. Можно е да има нови познанства, промени во луѓето во вашиот живот. Но, за некои Ваги може да има изненадувања од другата половина (не секогаш добри), може да има стрес во врската. Внимавајте на работа на документацијата и потпишувањето договори, може да бидат штетни.

Шкорпија

Работата и здравјето ќе бидат важна тема, не преземајте повеќе отколку што можете да поднесете. Некои Скорпии ќе се заљубат, ќе бидат полни со инспирација, може да има нови интересни познанства. Месечината е доста опасна за вас и ќе предизвика неочекувани ситуации или повторно активирање на некоја стара или хронична болест.

Стрелец

До средината на месецот почесто бидете дома, со семејството. Ќе сакате да се заљубите, да се занимавате со креативност, вашата душа бара нешто повозвишено. Ако имате деца, грижете се за нив, може да се разболат или да побараат повеќе внимание. Можете да почнете учите нешто ново. Конфликти во односите, незадоволство од партнерот на љубовен план.

Јарец

Овој месец е во знакот на домот и семејството, но до средината може да има кратки службени патувања. Психичката состојба не ви е многу добра во април, има незадоволство, семејни промени, едноставно не можете да се опуштите. Грижете се за себе, бидејќи може да има болести поради нервите. На љубовен план – хармонија во односите.

Водолија

Ова ќе биде месец во знакот на кратки патувања, нови познанства, промени во приходите. До средината на месецот, може да има трошоци. Од друга страна ќе имате хармонија во душата, желба да се купи нешто за куќата или некако да се облагороди атмосферата. Активната желба за романса ќе ве стави во флерт, а семејните луѓе може да имаат конфликти со децата.

Риби

До средината на април сте ѕвезди ќе бидат на ваша страна, многу внимание ќе привлечете кон вас, и искористете го тоа умно. Може да има спонтани купувања, желба некако да се украсите. Бидете внимателни и размислете за вашите трошоци. Поправка на дом или автомобил може да ви дојде како есктра трошок што многу ќе го почувствувате на буџетот. Може да има конфликти со членовите на семејството.

Промени до крајот на неделата: Четири хороскопски знаци ќе го свртат животот на подобро

 

Слични објави

Саша Ковачевиќ со секси мускули: Поради тоа како изгледа во новите спотови, никој не ни обрнува внимание на песните

Еспресо

Милица Тодоровиќ ги откри мрачните тајни на шоу-бизнисот: На естрадата не се знае кој повеќе се дрогира

Еспресо

Мина Костиќ откри: Би била среќна повторно да станам мајка

Еспресо

Јелена Карлеуша донира милионска сума за градот Крагуевац: Тоа е мојот новогодишен подарок

Еспресо

(Фото) Гол стомак и шлиц до колковите: Ќерката на Гоца Тржан позира во смел фустан!

Еспресо

(Фото) Празнична еуфорија во домот на Викторија Лоба: Пејачката покажа како ја украсила новогодишната елка

Еспресо
Се вчитува....