06:37 - 25 февруари, 2026

Хороскоп за 10 април: Лавовите ќе ги мачи љубов од минатото, Близнаците ќе бараат сродна душа

Овен

Работа: Вашите претпоставени денеска ќе бидат полни со елан и нови планови за развој на работата, а вие ќе имате помалку енергија. Издржете.
Љубов: Преодна несигурност би можела да биде поврзана со погрешно изразување или недоразбирање. Не навлегувајте во расправија.
Здравје и совет: Одете чекор по чекор.

Бик

Работа: Можеби ќе ви предложат да одите на кратко деловно патување за да ја согледате состојбата и да донесете нови информации од терен.
Љубов: Ако имате лични проблеми, прифатете еден неврзан повик на кафе, затоа ѓшто така ќе си ја олесните душата.
Здравје и совет: Средете го ритамот на работата и одморот.

Близнаци

Работа: Ќе бидете одлични, координирани и со вистинско чувство за секоја задача. За вас денеска нема препреки.
Љубов: За некои овој ден ќе биде за паметење, а особено вториот дел. Оние кои бараат сродна душа, секако треба да излезат.
Здравје и совет: Уживајте во секој момент.

Рак

Работа: Ќе ви обрнат внимание и ќе може да си го изразите своето мислење. Вашите идеи ќе бидат разгледувани, но за нив ќе нема мислење.
Љубов: Ќе одработите уште некои работи од минатото, за да можете посмело да тргнете натаму. Нема да ви биде лесно, но ќе бидете доследни.
Здравје и совет: Премногу се грижите.

Лав

Работа: Иако ќе работите посветено и без застој, денеска ќе ви изгледа како да работите недоволно.
Љубов: Денеска малку ќе ве измачуваат стари мечти и неисполнети надежи, па затоа најдобро е да се повлечете и смирите. Не инсистирајте на ништо.
Здравје и совет: Поработете на вашето трпение.

Девица

Работа: Конечно ќе ви стане јасно дека она што го работите вреди повеќе отколку што мислевте. Со тоа сознание полесно ќе работите.
Љубов: Ако се чувствувате осамено, побарајте друштво на пријателите. Тие ќе бидат вистински мелем за вас.
Здравје и совет: Бидете искрени кон сите.

Вага

Работа: Денеска лесно ќе излегувате на крај со обврските доколку работите со колеги, но ако сте сами на работното место, ќе ви недостасува некој за да поразговарате.
Љубов: Пред вас е убав ден за дружење, без разлика дали ќе се решите за излегување со саканата личност, или да се прошетате и се напиете кафе со познаници.
Здравје и совет: Радувајте се на она што е добро.

Скорпија

Работа: Успешно ќе завршите една деловна фаза и ќе свртите нов лист. Ќе биде тоа чекор напред за вас.
Љубов: Можно е решение на некој семеен проблем, што долго ве измачуваше. Веројатно ќе најдете заеднички јазик.
Здравје и совет: Не се сомневајте ,туку работете.

Стрелец

Работа: Соработниците ќе ве подржат и ќе ви изразат симпатии, но кога станува збор за стручноста, никој нема да ви прогледа низ прсти.
Љубов: Денеска е ден кога во љубовните теми ќе помешате скромност со високи идеали. Резултатот ќе биде збунетост на другата страна.
Здравје и совет: Сè е во ред.

Јарец

Работа: Својата стручна способност денеска ќе ја надувате до крајни граници, но никој нема да ви забележи, затоа што ќе бидете уверливи.
Љубов: Вашиот љубовен шоу ќе продолжи со поврзување со личност од надвор. Некои ќе добијат љубовен меил или порака од странство.
Здравје и совет: Почнете да спортувате.

Водолија

Работа: Денеска исправно ќе се поставите, затоа што ќе знаете да ги испочитувате не само строгите правила, туку и човечките потреби.
Љубов: Ќе имате вистински баланс за уживање и љубов, а особено во конкретни ситуации. Оние во врска ќе бидат многу задоволни.
Здравје и совет: Мала главоболка.

Риби

Работа: Веројатно ќе добиете добар договор за спонзорирање на еден проект за што се сомневавте.
Љубов: Мал чекор ве дели до помирување и поквалитетни односи, но потребно е само малку трпение.
Здравје и совет: Имајте малку повеќе верба.

Слични објави

„Јас сум скапа жена, спонзоруша“: Ќерката на Дино Дворник си ја отвори душата

Еспресо

Гоца Тржан за поранешниот сопруг: „Многу се коцкаше, од бракот излегов гола како гасеница“

Еспресо

Кеба ја откри тајната на здравјето: Секое утро зема „природен антибиотик“ од манастир

Еспресо

Сузана Манчиќ се сели од својот стан од 175 квадрати во Белград: „Стана неподносливо!“

Еспресо

(Фото) Поранешна хрватска мис со објавата за борбата со ракот ги растажи сите

Еспресо

(Фото) Татко и ќерка на скијање: Дејвид Бекам создава нови спомени со ќерка си Харпер

Еспресо
Се вчитува....