3.8 C
Скопје
00:48 - 21 декември, 2024

Астро прогноза за понеделник, 15 август

Овен

Повремена импулсивност и нервоза во однос на оние со коишто работите. Подобро е да излезете од некои непријатни ситуации и да не ги потенцирате на состаноците. Сметате дека го давате својот максимум во односот со саканата личност, но дека другата страна секогаш непотребно наоѓа забелешки и ве критикува.

Бик

Правите сериозни планови со саканата личност. Уште малку ќе се двоумите дали треба да попуштите за некои работи, но ќе сфатите дека љубовта ви е поважна од тврдоглавоста. Мирот со којшто ќе зрачите ќе ѝ влева сигурниост на другата страна. Ќе биде наклонета и врската конечно ќе тргне во посакуваната насока.

Близнаци

Ако мислевте дека сте пропуштиле прилика, денес може да бидете многу пријатно изненадени од позитивниот пресврт на целата ситуација. Можно е да го постигнете она што сте го планирале. Иако сте малку нервозни, се обидувате да бидете коректни и прилагодливи во односот со саканата личност.

Рак

Блага нервоза и можно е некои ситуации во деловниот сегмент да ги возвишувате. Не дозволувајте самите себе да си попречувате, решавајте ги проблемите еден по еден. Можно е да сте загрижени поради нешто кога станува збор за саканата личност. Оставете го времето да ви одговори.

Лав

Сакате да се смеете и најсреќни сте кога насмевката ви е возвратена. Денешниот планетарен поредок ви носи голема внатрешна среќа и задоволство. Имате чувство на радост како да славите нешто. Задржете го тоа чувство што е можно подолго. Ако сте во врска, не двоумете се да ја споделите радоста со саканата личност.

Девица

Излегуваат на виделина добрите финансиски резултати. Задоволни сте, контактирате со соработниците за нови проекти. Со саканата личност ќе имате голема дистанца. Секој ќе сака нешто свое, а усогласувањето ќе биде преку компромис. Најдете ја златната средина и двајцата ќе бидете среќни.

Вага

Една понуда ви доаѓа сосема неочекувано, а тешко дека ќе имате доволно време за неа да размислувате долго. Обидете се да ја испробате среќата или – следете ја интуицијата што ви зборува. Оптоварени сте со некои детали од емотивната врска во која се наоѓате, но во моментот не сакате да кревате врева околу тоа.

Скорпија

Имате големи очекувања од некои луѓе, од некои договори. Сепак, не се разочарувајте ако остварите само еден дел од она на што сте се надевале. Сакате да се усогласите со саканата личност и ќе бидете подготвени да ѝ излезете во пресрет за многу прашања.

Стрелец

Подгответе се да бидете посветени на сите ситуации во деловниот сегмент, бидејќи денес, сосема неочекувано, може да ви се отворат некои можности за кои се надевате долго време. Можности да запознаете личност која ќе ви остави голем впечаток. Оние што се во врска, работите одлично се одвиваат.

Јарец

Свесни сте дека некои луѓе ве поддржуваат во голема мерка и се обидувате да ја оправдате нивната доверба. Запомнете ги услугите што ви ги пружа некоја личност и почекајте го моментот кога ќе можете да возвратите. Средбата со саканата личност ќе биде испреплетена со нежност и интензитет.

Водолија

Сите ваши планови денес функционираат повеќе од добро. Дури иако се појавиле некои пречки, немате намера да се откажете, и лесно ќе ги надминете. Одличен ден за сѐ што е поврзано со емоциите. Имате одлична поврзаност со саканата личност, љубовта цвета, а вие двајцата сте пресреќни.

Риби

Малку е тешко да се вклопите со деловните соработници и колегите, па би било добро однапред да се подготвите. Премногу обврски стојат пред вас, и генерално комплициран ден. Деловниот сегмент е напорен, но, затоа пак, во емотивниот дел – стоите повеќе од добро. Контактот со саканата личност ве исполнува.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....