4.8 C
Скопје
03:17 - 21 декември, 2024

Астро прогноза за четврток, 7 јули

Овен
Денешната планетарна енергија ќе ви создаде пеколен или одличен ден. Најверојатно долго време не сте искусиле такво нешто. Секако дека ја познавате моќта на вашата фантазија и таа главно ве води на вистинското место, но денес би можело да биде спротивното. Можно е да фантазирате за една личност, но, всушност, ви е потребна сосема поинаква. Бидете реални.

Бик
Можеби утре ќе се смеете на овој ден, но денес секако нема. Планетарната енергија е многу чудна и речиси ќе нема насмевка на вашето лице. Како што стојат работите, нема да ви годи тој интензитет околу вас и повеќе би сакале да немате ништо со тоа. За жал, мора да се помирите со некоја ситуација, што нема да ви годи во тој момент.

Близнаци
Ако имате свои моменти на страст, тогаш не ги покажувате доволно освен во некои интимни ситуации. Вие не сакате да покажувате такви чувства во јавноста. Би можеле некого да засрамите со своето однесување денес. Бидете храбри и покажете ги своите чувства без да се грижите што другите мислат за тоа. Едноставно, покажете ги!

Рак
Страста е збор што често го слушате, но главно се криете, бидејќи ве плаши! Но, денес можно е да ја сфатите, бидејќи ако не ги покажете своите вистински чувства, некој ваш близок секако ќе ги покаже. Тоа можеби нема да се случи на некое прикладно место или во друштвото кое вие би го одбрале. Затоа внимавајте и потрудете се вие да избирате!

Лав
Ако чувствувате дека пливате во море од контроверзии, можеби е време малку да размислите за алтернативите. Тоа треба да го направите на „суво“, со други зборови да бидете реални. Прифатете го она што ќе го дознаете за себе и своите желби и почнете со решавање на проблемот. Тоа секако ќе ви пружи најдобра можна алтернатива за која треба да размислите.

Девица
Ова би можело да биде многу интензивен ден, кога ќе бидете посебно привлечени кон една личност. Ако мислите дека можете лесно да се ослободите од неа, се лажете – магнетизмот помеѓу вас е исклучително силен. Внимавајте да не бидете премногу посесивни или да посакате партнер онаков каков што вие сакате да биде, а не каков што, всушност, е.

Вага
Мора да внимавате на своите потреби за да биде сѐ по вашата замисла. Доколку сте во врска, мора да обрнете внимание да не ги диктирате секогаш вие условите на врската и мора да му дозволите на партнерот малку слобода. На крајот, вие верувате во себе и сопствените чувства, но понекогаш е подобро да играте на сигурно, а не секогаш да ризикувате.

Скорпија
Постои голема сила во вашите зборови, особено денес. Можеби не сте свесни за тоа, но можете да направите да ви се остварат соништата или да уништите нешто што толку долго сте го граделе. Интензивна е енергијата денес, па внимавајте. Ќе почувствувате кога е време да средите некои работи помеѓу вас, но вашиот партнер нема да биде со исто мислење.

Стрелец
Голема е веројатноста нешто денес да ве исфрли од колосек, поради силните емоции. Мора да внимавате што зборувате и како се однесувате, за да не западнете во многу тешка ситуација. Немојте да бидете надмудрени и невнимателни. Можно е емоциите да ви бидат поделени помеѓу две екстремни чувства, но потрудете се да ги контролирате.

Јарец
Бидете сигурни дека денес ќе ја интензивирате желбата да го постигнете она што го сакате. Не е во прашање самата желбата, туку и потребата. Можно е да ви биде тешко да одолеете и да дадете сѐ од себе. Но, бидете многу внимателни. Кога нешто толку силно и екстремно сакате, можете да паднете во замка и да се закочите самите себе. Бидете рационални денес.

Водолија
Среќни се оние што умеат да се снајдат во сите ситуации и смирено да го прифатат тоа што им се случува. Но, денес вашата смиреност и мирољубивите манири ќе бидат на голем тест. Атмосферата помеѓу вас и партнерот ќе се вжешти до максимум. Нема да имате многу избор освен да разговарате и да бидете искрени еден кон друг. Тоа секако не е ништо лошо.

Риби
За да излезете на крај со планетарната енергија, ќе мора постојано да сте присутни и добро ориентирани за да не се изгубите. Вашето чувство понекогаш може да ве остави со празни раце. Она што го сакате, ќе го дознаете ако останете прибрани и посветени, дури и во најтешките ситуации со партнерот. На крајот сѐ ќе биде во ред.

Слични објави

Хороскоп за 20 декември: Лавовите ги очекува невидена страст во љубовта, Скорпиите да внимаваат на парите

Еспресо

Хороскоп за 19 декември: Биковите ќе „пливаат“ во пари, Близнаците ги очекува динамичен ден во љубовта

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova

Хороскоп за 17 декември: Овните ги очекуваат промени, Лавовите ќе уживаат во љубовта

apostolova

Хороскоп за 16 декември: Стрелците ќе имаат љубовна авантура, Јарците ги очекува финансиски успех

Еспресо

Хороскоп за 15 декември: Вагите ќе имаат среќа во љубовта

Еспресо
Се вчитува....