Македонската фолк-пејачка Анета Љумаковска и нејзиниот сопруг Рубин Размо деновиве заминаа на кратко патување во Бугарија, а дел од моментите поминати таму ги споделија и на социјалните мрежи.
Музичкиот пар престојуваше во комплексот „Ројал Валентина касл“, каде што направи серија фотографии во впечатливиот амбиент на објектот и неговата раскошна архитектура.
Анета и Рубин, кои заедно настапуваат и како дел од „Анета бенд“, за фотографиите избраа складни лежерни комбинации. И двајцата носеа тексас јакни, кои ги искомбинираа со парчиња во потемни тонови.
За време на престојот во Бугарија, сопружниците посетија уште неколку места, а меѓу фотографиите што ги споделија има и кадри направени кај споменикот на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
View this post on Instagram
Анета и Рубин стапија во брак во мај годинава во Битола. Оттогаш, двајцата повремено споделуваат моменти од заедничкото секојдневие, патувањата и музичките ангажмани со своите следбеници.
