Маја Супут ја покажа чипканата долна облека во која го прослави својот 47-ми роденден
Хрватската пејачка Маја Шупут го одбележа 47-от роденден со провокативни фотографии на кои позираше во чипкана долна облека, а со нив порача дека годините се само бројка.
Шупут го прослави роденденот во Лондон, а по полноќното изненадување, сега објави смели славенички фотографии на кои позира во долна облека.
Пејачката сподели серија фотографии на Инстаграм на кои позираше во црна чипкана долна облека, додека на главата имала големи црвени витлери. Во рацете држела црна торта со свеќичка, а на една од фотографиите се наметнала со крзнено палто и наздрави со чаша шампањ.
„И така… повторно се покажа дека годините се само бројка. B day girl (Роденденска девојка)“, порачала Маја со објавата.
View this post on Instagram
Нејзиниот роденден започнал славенички веќе на полноќ. Маја го прослави 47-от роденден во Лондон, каде што престојува со својот нов партнер Емил Тедески помладиот, а во хотелската соба ја чекало посебно изненадување. Потоа позирала од креветот со чоколадна торта со свеќичка и чаша шампањ и кратко напишала: „Полноќно изненадување“.
Во британската престолнина отпатува неколку дена пред роденденот, заедно со Тедески помладиот. Пред патувањето, тие беа видени заедно на аеродромот во Загреб, каде што, според сведоците, се држеле за раце и се бакнувале.
Откако пристигна во Лондон, Маја редовно покажува како го поминува времето. Таа откри дека престојува во луксузниот хотел „Булгари Лондон“, ги посетила „Хародс“ и неколку ресторани, а ги покажа и со своите гламурозни вечерни излегувања. Сепак, Емил сè уште не го покажала на фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи.
