00:44 - 17 декември, 2025

Илон Маск и група научници бараат шестмесечен прекин на обуките за вештачка интелигенција – можни се злоупотреби

Американскиот милијардер Илон Маск и група стручњаци за вештачка интелигенција (ВИ) бараат шестмесечен прекин на системите за обука. Во отвореното писмо тие наведуваат дека овие системи се помоќни од неодамнешното лансирање на понапредната верзија на четботот „Чет-ГПТ“ на „Опен АИ“.

Писмото е потпишано од над 1.000 луѓе, меѓу кои и Маск, натаму – Емад Мостак, извршен директор на „Стабилити АИ“ и истражувачот од „Дипмајнд“, Стјуарт Расел. Тие повикуваат на пауза во развојот на напредна вештачка интелигенција, додека прво не се развијат заеднички безбедносни протоколи. Се наведува и дека ВИ може да доведе до економски и политички нарушувања. Аналитичарите ги повикаа програмерите да соработуваат со креаторите на политики и регулаторните органи.

– Писмото не е совршено, но намерата е правилна. Треба да забавиме додека подобро не ги разбереме последиците. ВИ може да предизвика сериозна штета, големите играчи стануваат сѐ повеќе и потаинствени за она што го прават. Ова ги отежнува можностите – општеството да се брани од штетата што може да се случи, рече Гери Маркус, почесен професор на Универзитетот на Њујорк кој го потпиша отвореното писмо.

„Моќните системи за ВИ треба да се развиваат само кога ќе бидеме сигурни дека нивните последици ќе бидат позитивни и дека опасностите ќе може да се управуваат“, се вели во писмото.

И Европол се приклучи кон оние кои пројавија загриженост во етичка и правна смисла. Тие предупредуваат на можна злоупотреба на ВИ, т.е. обиди за кражба на идентитет, дезинформации и киберкриминал.

Инаку, и „Тесла“ на Маск користи вештачка интелигенција во автомобилите со самоуправување.

„Опен АИ“, компанија поддржана од „Мајкрософт“, и создавач не „Чет-ГПТ“ ги поттикна конкурентите да го забрзаат развојот на слични големи јазични модели. Сем Алтман, извршен директор на „Опен АИ“, не го потпиша писмото.

Слични објави

„Умеам да бидам безобразен“ – Дарко Лазиќ проговори за проблемите во бракот – „Се работи за незадоволство“

E.A.

(Фото) Новогодишна магија во замокот на Драгана Мирковиќ: Импресивна елка што одзема здив

E.A.

„Тоа ќе му биде трет брак, ми се допаѓа“: Кеба проговорил за новата девојка на синот Игор, а ги спомнал и поранешните снаи

Еспресо

Биба Додева опцу поради скандалот со внукот: Не го пуштиле да јаде на училиште, а сметката за ужина била платена

msp-admin

Босанскиот актер од „Луд, збунет, нормален“ осуден за педофилија ја врати наградата откако го осудија

Еспресо

(Фото) „Жешки“ фотографии од Србинката која самата признава дека е жив оган: Нејзините мокри гради не се за оние со слабо срце

Еспресо
Се вчитува....