18.8 C
Скопје
15:34 - 11 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Нестабилно време, еве до кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На планините ќе има врнежи од снег, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Ветерот на некои места повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен локален дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 9 степени. Потоа под влијание на поголем влажен воздушен бран од Медитеранот, за време на викендот времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег каде снежната покривка позначително ќе се зголеми.

Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 л/м2). Ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец и истиот повремено на некои места ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени. Постабилно и релативно суво време ќе имаме во почетокот од следната недела.

Слични објави

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin

Поранешната свршеница на Лука Дончиќ поднела барање за алиментација, тој порача: Секогаш ќе се борам да бидам со ќерките

Е.А.

Оваа жена му е сѐ по сите животни загуби: Дарко Илиевски ја покажа убавата сопруга

msp-admin
Се вчитува....