13.8 C
Скопје
16:30 - 22 март, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ТОПЕНО СИРЕЊЕ: Топла прегратка сред недела!

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

Денес Мартина ни направи топено сирење. За сите љубители на кашкавалот и сирењето ова е одлична комбинација и одличен предлог ручек или вечера. Брзо, лесно и вкусно, а потребни ви се само 2-3 состојки.

Мартина Трајаноска.
Фото: Приватна архива

Потребни состојки:

  • 500 гр крем сирење
  • 200 гр кашкавал
  • кулен, сланина

Подготовка:

Ставете ред крем сирење, ред кашкавал и сецкано сувомеснато. Мене ми најубаво со кулен или сланина. Потоа повторно ставете ред од крем сирењето па кашкавал. Печете во загреана рерна на 180/200 С околу 15-20 минути.

Послужете со тостирано лепче или фурнаринки кои може да си ги направите од готово тесто за пица или домашни од тестото за пица 1 шолја јогурт, 2 шолји брашно и 1 пециво.

На здравје!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Слични објави

Што да јадете ако имате проблеми со холестеролот?

Еспресо

Еве што се случува со имотот на Видој по помирувањето на Николина Пишек и Миша Гроф

Еспресо

„Има проблем да се одвои, со него сум и во тоалет“: Марија Шерифовиќ со детали за односот со синот Марио

Еспресо

(Фото) „Тато и неговите наследници“: Богдана објави неодолив момент од Вељко Ражнатовиќ со синовите во Русија

Еспресо

Хороскоп за 22 март: Раковите ќе имаат опуштени разговори со партнерот, Вагите ќе бидат во добро расположение

Еспресо

(Фото) Ја нарекуваат босанската Адријана Лима: Младата водителка на временска прогноза станува сè попопуларна

Еспресо
Се вчитува....