13.8 C
Скопје
12:43 - 17 март, 2026

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ВО МЕСНОСТА КРАПА: Спеленуркачкиот клуб Врело во еколошка акција!

Користејќи го убавото есенско време деновиве, а воедно исполнувајќи ја една од целите на клубот – екологија, спеленуркачкиот клуб Врело од Скопје, организираше и беше носител на еколошка акција за чистење на отпад во месноста Крапа, општина Македонски Брод.
Имено, клубот Врело, како спелеонуркачки клуб секоја година, па и оваа, го исполнува својот календар на еколошки активности, кој овојпат беше на понорот Крапа. Со цел да може да се истражи подлабоко овој понор, за кој веруваме дека завршува со водена површина, за сите понататамошни активности, мораше прво да се овозможи влез во понорот, кој на жал од насобран отпад не дозволуваше да се влезе ни на самиот почеток на понорот. Затоа, спелеонуркачите од Врело се организираа со свои финансиски средства, и извадија повеќе од 50 вреќи пластичен отпад, како и организираа транспорт до депонија на истиот во соработка со Комуналното претпријатие од Македонски Брод. Со тоа, влезот на понорот сега е делумно достапен и може да се продолжи со понатамошни спелео истражувачки активности и еко акции.
Според годишниот план и програма на клубот Врело, овие акции се одвиваат доста често на отворени или затворени водени површини во земјава, но за првпат овојпат на Крапа, која е една од потенцијалните спелеолошки локации за подводно истражување и спелеолошко мапирање на истата.
ФОТО – КЛУБ ВРЕЛО

Слични објави

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо

Слаткар се стопи, раперот здраво живее и многу ослабе

msp-admin

(Фото) Коки Јанков како градежник: Од темели до кров

msp-admin

Тие му се единствената утеха по смртта на брат му: Дарко Лазиќ со нова емотивна објава

msp-admin

(Фото) Ивона Јо во проѕирен фустан, посекси не изгледала досега

msp-admin
Се вчитува....