01:18 - 13 април, 2026

Тенисерот Енди Мареј прогласен за најхуман спортист на годината – заработката од турнирите ја донира за децата во Украина

Поранешниот светски рекет број еден британскиот тенисер Енди Мареј е добитник на годинашната награда „Артур Еш“ за хуманитарна работа, а ја заслужи за неговите напори да им помогне на украинските деца погодени од руската инвазија на нивната земја, пренесе спортскиот портал Екипа.

За време на турнирот во Индијан Велс оваа година, Мареј реши целата своја заработка од наградите на турнирите да ја донира за помош на децата во Украина и на крајот таа сума достигна околу 630.000 долари.

„Беа бомбардирани куќи, а семејствата беа иселени. Малите деца беа погодени од оваа војна, многу беа повредени, а некои беа убиени. Не бев сигурен како можам да помогнам, па решив дека од Индијан Велс па наваму, сите пари што ги освојувам на турнирите ќе ги донирам на УНИЦЕФ. Тоа ми даде дополнителен мотив, а се надевав дека и некои други играчи ќе се приклучат во собирањето помош“, изјави Мареј.

Слични објави

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо
Се вчитува....