08:12 - 9 април, 2026

Путин се спореди со Петар Велики, и тој враќал руски земји

Владимир Путин му оддаде признание на царот Петар Велики на 350-годишнината од неговото раѓање, повлекувајќи паралела помеѓу сегашните случувања во Украина и неговата војна за враќање на руските земји.

„Петар Велики ја водел големата северна војна 21 година. Иако изгледа дека тој војувал со Шведска и земал нешто од неа, тој само вратил она што е руско“, кажа Путин на отворањето на изложбата посветена на големиот руски цар.

На 106. ден од војната во Украина, тој ја спореди кампањата на Петар со актуелните руски воени операции.

„Очигледно, сега и ние треба да го вратиме она што ѝ припаѓа на Русија и да ја зацврстиме земјата. Ако тргнеме од фактот дека овие основни вредности ја формираат основата на нашето постоење, несомнено ќе успееме да ги решиме задачите со кои се соочуваме“, кажа рускиот претседател.

Петар Велики владеел 43 години и наредил новиот главен град на Русија, Санкт Петербург, да се изгради на земјата што ја одзел од Шведска. Санкт Петербург е и родниот град на Путин.

Тој постојано се обидува да ја оправда својата војна во Украина, наметнувајќи историски поглед дека таа нема вистински национален идентитет, ниту традиција на државност.

Во јули 2021, Кремљ објави есеј на Путин, во кој тврдеше дека Русите и Украинците се еден народ, вештачки поделени, што послужи како основа за распоредување на илјадници руски војници покрај границата.

Москва се обиде да ја оправда својата војна во Украина велејќи дека испраќа војници преку границата за да го разоружа и „денацифизира“ својот сосед, неосновано тврдење.

Во пресрет на започнувањето на, како што Русија ја нарекува својата „специјална воена операција“, Путин го обвини Владимир Ленин, основачот на Советскиот Сојуз, за создавање на Украина на, како што рече Путин, историски руска територија, и за засадување на семето на распадот на СССР.

Преземено од СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

Слични објави

Хороскоп за 9 април: Вагите прават избор што носи мир, Овните конечно добиваат јасен знак

Еспресо

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.
Се вчитува....