13:52 - 13 ноември, 2026

На Србите им е преку глава, на Косово врие – Вучиќ по средбата со кралот на Норвешка

Ситуацијата на север, што се однесува до српскиот народ, буквално зоврива… На Србите им е доста. На сите им е преку глава, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој е во посета на Норвешка, каде што денеска и утре ќе разговара со државниот врв.

– Тие малтретираат и мачат луѓе. Кога ќе составите сè, ќе сфатите дека тоа е систематски прогонство, луѓето имаат душа, велат доста е. Курти се повикува на сè што му одговара, во никој случај не се придржува до потпишаното во Брисел, вели Вучиќ.

Тој во своето обраќање до јавноста рече дека со кралот на Норвешка и со премиерот разговарал за важни прашања.

„Знаете дека Норвешка подобро и попрецизно ја дијагностицира ситуацијата од кој било на теренот и дека некој го чува мирот. Според тоа, разговаравме за Косово, за самиот процес на дијалог. Како и обично, не ја префрлив вината на другата страна“, рече Вучиќ.

„Ако Курти каже дека прашањето за статусот е завршено за него, јас сум благодарен. И за мене е завршено прашањето за статусот. Се потпирам на Повелбата на Обединетите нации и резолуцијата 1244. Можам само да кажам дека немам премногу надеж, туку само страв од идните настани. Курти се надева дека западните сили ќе ја принудат Србија“, рече Вучиќ.

„Квинтата секогаш ќе ги поддржува Албанците на Косово. Тоа е нивно дете, нема големи очекувања од наша страна. Штом некој друг е под притисок, не е лесно. Загрижен сум за државата, не сум загрижен за себе. Наше е да се бориме и да ја заштитиме нашата земја“, рече Вучиќ.

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....