7.8 C
Скопје
09:05 - 31 март, 2026

Ивана Трамп, била пронајдена без свест во нејзиниот дом во Њујорк, требала да оди на фризер

Ивана Трамп почина на 73-годишна возраст. Била пронајдена без свест во нејзиниот дом во Њујорк, неколку часа пред да оди на закажаниот термин во фризерски салон.

Службениците за итни случаи и инспекторите ја нашле на дното од скалите во нејзиниот дом на Менхетен нешто пред 13 часот во четврток. Официјалната причина за смртта се уште не е потврдена.

„Беше многу тажен ден“, рече Ерик Трамп додека го напушташе домот на неговата мајка во близина на Централ Парк.

Ивана ги помина последните денови подготвувајќи се за долгоочекуваното патување во Сент Тропе кое требаше да се случи денес (во петок) и планираше да го посети својот редовен фризер на денот кога беше пронајдена мртва, изјави вработена во салонот за Daily Mail.

Веста за смртта на Ивана прв ја сподели поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, преку објава на неговиот профил на Truth Social во четвртокот попладне.

„Многу сум тажен што ги информирам сите оние кои ја сакаа, а ги има многу, дека Ивана Трамп почина во својот дом во Њујорк“, напиша тој.

Трамп имаше три деца со својата поранешна сопруга, со која се ожени во 1977 година и се разведе во 1992 година, а својата прва сопруга ја опиша како „убава, неверојатна“ жена.

Детективите веруваат дека Ивана Трамп починала откако паднала по скали, најверојатно поради болест, изјави полициски функционер за Дејли њуз. Се верува дека смртта е ненадејна. Властите истражуваат дали срцевиот удар можеби имал улога во нејзината смрт, објави весникот, а пренесува српскиот мондо.

Слични објави

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо
Се вчитува....