7.8 C
Скопје
07:36 - 23 март, 2026

ЕУ замрзна 22 милијарди евра за Унгарија, Орбан мора да исполни неколку услови

Европската комисија соопшти дека ќе ги замрзне фондовите на Европската Унија наменети за Унгарија во вредност од 22 милијарди евра.

„Сè додека условите не бидат исполнети, Комисијата не може да ги надомести трошоците кои ги побарува Унгарија“, кажа портпаролот на Комисијата Стефан де Керсмекер.

Мерките ќе бидат на сила сè додека унгарската влада со Виктор Орбан на челото не ги исполни условите кои се однесуваат на независноста на правосудството, академските слободи, правата на ЛГБТ популацијата и политиката за азил, пренесува Ројтерс.

Кохезиските фондови на ЕУ наменети за Унгарија се дел од долгорочниот буџет на ЕУ од 2021 до 2027 година. Средствата се доделуваат и во рамки на залагањата за изедначување на животниот стандард меѓу најбогатите и најсиромашните членки на Унијата, односно се исплаќаат како надомест за веќе потрошените средства на договорени цели.

Унгарија требало да потроши дваесет и две милијарди евра за програми кои вклучуваат образование на сиромашните деца, унапредување на железничкиот сообраќај, како и помош за регионите во кои се затворени термоцентралите.

Ројтерс истакнува дека пречките која Унгарија треба да ги надмине за да ги добие средствата се контроверзниот закон против пропагирање на идеологијата на ЛГБТ во училиштата, потоа загрозените академски слободи и правото на азил.

„Унгарија не ја почитува Повелбата на ЕУ за основните права“, кажа портпаролот на Европската комисија.

Будимпешта и Брисел се долго во судир околу владеењето на правото, корупцијата, третманот на сексуалните малцинства, образованието и миграциската политика.

Покрај кохезиските фондови, Европската Комисија блокира и 5,8 милијарди евра донации на Унгарија од ЕУ фондовите за заздравување.

 

Слични објави

Кралицата Камила се почести со „нови“ веѓи, ги платила 1700 евра

Еспресо

„Не е во нивна сопственост“: Ана Николиќ и Рале се иселиле од куќата на Авала, еве каде живеат сега

Еспресо

Гвинет Палтроу за ноќта на Оскарите: Не можев да одам во тоалет, мораа да ме „зашијат“ во фустанот

Еспресо

„Сакам постари, ама не баш толку“: Коментарот на Јаков Јозиновиќ за Наташа Беквалац стана хит

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо

Астросовети за секој хороскопски знак за неделата што следи – дали ѕвездите се на ваша страна?

Еспресо
Се вчитува....