6.8 C
Скопје
02:48 - 31 март, 2026

„Дрога за силување“ на прославата на германската СДП на која присуствувал и канцеларот Шолц

Најмалку девет жени кои присуствувале на забава организирана од германската Социјалдемократска партија (СПД), во која беше и канцеларот Олаф Шолц, биле дрогирани со супстанција позната како „дрога за силување“, соопшти СПД. Портпаролот на пратеничката група го потврди пишувањето на берлинскиот весник Тагесшпигел и додаде дека досега се потврдени девет жртви.

На традиционалната прослава што ја организира СПД пред летниот одмор присуствувале околу илјада луѓе, меѓу кои и канцеларот Шолц, како и бројни други претставници и соработници.

Берлинската полиција соопшти дека по „прослава организирана од политичка партија“, 21-годишната жена пријавила дека не се сеќавала на никакви детали од вечерната забава следниот ден.

Таа се пријавила во болница на преглед и поднела пријава. Младата жена консумирала храна на забава и пиела безалкохолен пијалак кога наеднаш почувствувала слабост и вртоглавица.

Досега полицијата е известена за уште четири вакви случаи.

„Ги советувам сите засегнати да поднесат тужба“, напиша на Твитер една од челниците на СПД, Катја Маст.

Во мејлот испратен до учесниците на таа летна прослава одржана во средата, СПД го осудува „страшниот чин што веднаш бил пријавен во полиција“.

„Дрогата за силување“ предизвикува мачнини и вртоглавица и најчесто се става во пијалоци и предизвикува седација со хипнотичко дејство (поспаност) така што личноста не може да се спротивстави, а агресорите можат да ја силуваат или да користат некаков облик на агресија.

Во Берлин, во 2021 година биле пријавени 22 случаи на агресија со „дрога за силување“, пишува весникот Берлинер цајтунг.

Сепак, реалниот број на жртви е многу поголем, бидејќи многумина не се сеќаваат на настаните и се срамат да поднесат жалба.

Слични објави

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

(Фото) Се мажи 16-годишната ќерка на Тајсон Фјури! За моминската вечер сакала да изгледа како грчка божица

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

(Видео) Хрватските претставнички на Евросонг ја обработија легендарната евровизиска песна и ја подигнаа публиката на нозе – се огласи и Руслана

Еспресо
Се вчитува....