18:23 - 12 април, 2026

Џорџа Мелони на покана на Еди Рама летува во Валона заедно со семејството

Доцна попладнево, во Валона, каде има силни безбедносни мерки, пристигна италијанската премиерка Џорџа Мелони заедно со своето семејство. Таа е во приватна посета, но допатува по покана на премиерот Еди Рама за да мине неколкудневен  одмор со сопругот и ќерката.

И поранешниот британски премиер Тони Блер синоќа со хеликоптер пристигнал во албанскиот град Химара. Причините за неговата посета на Албанија не се познати.

На снимката која циркулира на медиумите се гледа како поранешниот британски премиер сам излегува од хеликоптерот на стадионот во  Химара. Не се исклучува можноста тој да допатувал на одмор, како што беше случај во 2006 и 2011 година. 

Инаку, Химара е еден од најубавите градови на албанското крајбрежје и се смета за бисер на брегот на Јонско Море.

 

 

 

 

 

 

 

 

Слични објави

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

(Фото) Ава Карабатиќ била нападната од нејзиниот партнер во Белград: „Се плашам за мојот живот“

Еспресо
Се вчитува....