7.8 C
Скопје
01:26 - 31 март, 2026

Денес на маса на самитот на ЕУ- инфлација, плафон за цените на енергенсите и зелено светло за кандидатура на Украина и Молдавија

Зголемена инфлација, гасот како оружје на Русија и ограничувањето на цената: сè уште постои единство на визијата меѓу 27-те европски земји. Се очекува зелено светло за кандидатурата на Украина и Молдавија.

Денеска почнува последниот самит на ЕУ пред летото, а две главни теми ќе бидат на масата на шефовите на држави и влади на 27-те европски земји: цената на енергенсите, сега надвор од контрола, и пристапувањето на нови земји во европскиот блок.

И покрај вртоглавото зголемување на инфлацијата, сè уште нема консензус за плафонот за цената на гасот меѓу 27-те, всушност сè уште нема предлог на Комисијата, додека Москва постепено ги затвора славините на Европа и ја користи енергијата, но и житото, како оружје за војна против Европа.

ЕУ ќе им додели кандидатски статус на Украина и Молдавија. Грузија и Босна ќе добијат јасна европска перспектива, но Брисел ќе побара дополнителен чекор за статус. За зпочнувањето пак, на пристапните преговори на Албанија и Македонија за влез во ЕУ, од Брисел уверуваат дека тоа е само прашање на денови. Бугарското вето, се очекува да падне поради актуелната нова владина криза.

„Ова е време на Европа“, рече Урсула фон дер Лајен. „Европа која ќе ја потврди финансиската, хуманитарната и воената поддршка на Киев „се додека тоа е потребно“.

Сепак, украинскиот претседател, Володимир Зеленски, најверојатно ќе биде разочаран поради санкциите – неговиот апел седмиот пакет да биде одобрен „што е можно поскоро“ со цел да се подигне притисокот врз Русија се уште не е исполнет.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....