7.8 C
Скопје
05:36 - 2 април, 2026

Подобар од мене нема – Бојко Борисов се спореди со фудбалската ѕвезда Меси

Си имаме премиер, подобар од мене нема, колку и да звучи нескромно. Формирањето  малцинска влада е најдоброто што може да се случи за стабилноста и разбирањето во моментов, изјави Бојко Борисов, откако во пратеничката група на партијата се погласни се барањата да се именува  Борисов за премиер, иако неговото заминување е услов за многумина во земјата за да прават коалиција со нив.

– Нашата политичка елита се уште не е созреана. па така, и Меси има 31 година, но кога ќе влезе на терен  го дава првиот гол. Бугарија го има Меси во овој поглед, а тоа сум јас – изјави Борисов.

Борисов треба да биде номиниран за премиер на ГЕРБ-СДС –  најави и почесниот претседател на „Герговден“ Љубен Дилов, кој е дел од коалицијата ГЕРБ-СДС. Тој појасни дека тоа е негово мислење, а кого ќе предложи ГЕРБ-СДС зависи од останатите формации.

„За мене лично, тоа е премиерот на Бугарија, ако сакаме нешто да се промени. Што ќе одлучи ГЕРБ, сепак, не можам да ви кажам, зависи од ГЕРБ, бидејќи се поголема формација и тие одлучуваат“, истакна Дилов.

Пратеникот на ГЕРБ, Тома Биков го поддржа овој став: „Мое лично мислење е дека ако сакаме да го нормализираме политичкиот систем, мора да му пристапиме логично. Која е логиката? Кога зборуваме за првата политичка сила во земјата,  обично лидерот на партијата станува премиер. Бојко Борисов, мислам дека треба да биде номиниран“, истакна тој.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....