03:35 - 3 април, 2026

Вкусови што се памтат: Грчка кујна – Грчка супа (РЕЦЕПТ)

Unsplash

Многу риба, морски плодови, суфлаки, фета сирење, грчка пита и многу слатки десерти ја карактеризираат грчката кујна. Свежите производи, употребата на ароматизирани растенија и зачини, маслиновото масло и едноставноста се основни карактеристики на грчката кујна.

Што велите за една крем грчка супа во ова студено неделно попладне. Предноста е што нема да ви одземе време во подготовката бидејќи воопшто нема да изгубите време додека ја варите, бидејќи не се вари, туку само се блендира и сервира.

Состојки:

– 6 зрели домати
– 50 мл маслиново масло
– 200 гр кисело млеко со помала масленост
– 200 мл ладна вода
– 5 ливчиња свежо нане
– 20 мл сок од лимон
– сол и бибер по вкус

Подготовка:

Најпрво излупете ги доматите и ставете ги во блендер. Во блендерот додадете ги маслиновото масло, киселото млеко, водата, нането, лимонот и по вкус додадете сол и бибер.

Блендирајте уште 5 минути на средна брзина за сите состојки убаво да се измешаат. За супата да не биде ладна состојките пред подготовка нека бидат на собна температура еден час.

Сервирајте во длабока линија и додадете уште малку сок од лимон, секако по желба.

Добар апетит!

Слични објави

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо
Се вчитува....