03:26 - 13 април, 2026

Торта „Љубовно гнездо“

Состојки за кората:

10 белки

10 лажици шеќер

3 лажици џем од кајсија

200 грама мелени или сечкани ореви

малку маргарин

Состојки за фил:

10 жолчки

10 лажици шеќер

2 ќесички пудинг од ванила

малку шеќер

1 литар млеко за пудинзите

500 милилитри млеко за гризот

4 лажици гриз

2 лажици брашно

400 грама путер

200 грама мелени ореви

10  крем банани

3 ќесички шлаг

Подготовка:

Во подлабок сад изматете ги белките заедно со шеќерот. Откако смесата ќе стане компактна, додајте го џемот од кајсии.

Потоа намачкајте ја тепсијата со маргарин и одозгора посипете мелени или сечкани ореви по ваш избор. Врз нив, истурете ја подготвената смеса за кората на тортата. Печете во претходно загреана рерна на температура од 200 степени целзиусови околи 15 минути.

Откако кората ќе биде испечена, извадете ја од рерната и оставете ја комплетно да се олади. Додека чекате кората да се излади, во сад, изматете ги жолчките а потоа сварете ги на пареа. Во друго тенџере на оган, сварете ги пудинзите според даденото упатство за употреба.

Во друго тенџере, пак, ставете го преостанатиот дел од млекото, гризот и две лажици брашно. Потоа ставете ја смесата во тенџере и варете ги состојките на оган додека не почнат да наликуваат на качамак. Потоа смесите со жолчките, изладениот пудинг и смесата со гриз, убаво соединете ги. На крај додајте го и изматениот путер и повторно убаво измешајте.

Вака добиениот фил, поделете го на два еднакви дела. Во едниот дел од филот додајте мелени ореви, а во вториот дел исечкани крем-банани.

Кората што претходно ја испековте, пресечете ја на два дела. Едниот дел ставете го на чинија за сервирање и врз него истурете го едниот фил. Убаво распоредете го. Врз него ставете го вториот дел од кората.

Врз неа ставете го вториот фил. На крај премачкајте ја целата торта со шлаг и украсете ја по желба.

Слични објави

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

Како правилно да ги негувате хортензиите за да цветаат цело лето

Т.Ц.

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.
Се вчитува....