00:54 - 13 април, 2026

Ролат со мелено месо и пиперки (РЕЦЕПТ)

Состојки:

1 килограм мешано мелено месо

150 грама сланина

2 моркови

150 грама кашкавал

3 свежи пиперки

2 јајца

100 грама презла

1 главица кромид

малку свеж магдонос

зачини по ваша желба

масло за јадење

Подготовка:

Исечкајте го кромидот на ситно и додајте го во садот во кој претходно сте го ставиле меленото месо. Потоа,во садот додајте ги и јајцата, ситно исечканите моркови, презлата, ситно исечканиот магдонос и зачините по желба.

Сите состојки убаво измешајте ги со раце и потоа добиената смеса развлечете ја на стреч фолија. Во средишниот дел на меленото месо, ставете кашкавал исечен на ленти, наредете  ја сланината и додајте ги исечканите пиперки.

Завиткајте го ролатот од мелено месо и ставете го да се пече на температура од 150 степени околу еден час.

Слични објави

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

Како правилно да ги негувате хортензиите за да цветаат цело лето

Т.Ц.

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.
Се вчитува....