8.8 C
Скопје
09:40 - 31 март, 2026

Mексиканско бурито

Состојки:

– 750 г свинско или пилешко месо

– тортилји

– 400 г мексикански грав од конзерва

– 200 г обарен ориз

– 4 млади кромитчиња

– 100 г гауда кашкавал

– 4 лажици павлака

– 1 марула

– сок од 1 лимон

– 2 чешниња лук

– 2 домата

– масло

– сол, црн пипер и чили во прав

Подготовка:

Месото исечете го на помали парчиња, зачинете го со сол, црн пипер, чили во прав ( можете да додадете и други зачини по желба), па ставете го во тава да се пржи на тивко. Ако готвите свинско, можете да додадете малку вода, за да омекне побрзо.

Во друга тава додајте маслиново масло и во него испржете ги кратко сечканите чешниња лук, па додајте го исцедениот грав од конзерва. Запржете кратко и додајте го оризот, па продолжете со пржење. Доматите исечете ги на резанки, а младиот кромид ситно.

Измешајте ги, посолете и полејте со сокот од лимон. Марулата исечкајте ја. На грил-тава испечете една тортилја, потоа на средината премачкајте ја со павлака, ставете малку од смесата со ориз и грав, над неа од смесата со домати и кромид, потоа зелена салата и на крај месо.

Изрендајте малку кашкавал и завиткајте бурито.

Слични објави

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо
Се вчитува....