-4.2 C
Скопје
00:06 - 23 декември, 2024

Кози и овци ја спасуваат Барселона од шумски пожари

Барселона одлучи да примени стратегија стара со векови во борбата против екстремните шумски пожари.

Со ѕвона наместо сирени и незаситен апетит, најновите пожарникари во Барселона ги зазедоа своите позиции во најголемиот јавен парк. Четириножната бригада, составена од 290 овци и кози, има само една задача: да изеде што повеќе растенија.

Идејата е едноставна – подрачјата подложни на шумски пожари им се предаваат на животни кои пасат и ја газат сувата вегетација која инаку би ги разгорела пожарите и практично би служела како гориво. Без разлика дали животните се полудиви или негувани од овчар кој обично добива компензација за неговиот труд, добро завршената работа обично остава зад себе пејзаж прошаран со отворени простори кои можат да дејствуваат како противпожарен појас.

За многумина, необичната стратегија е враќање на старите начини кои се користеле за спречување на шумските пожари во минатото. „Ние не измислуваме ништо ново“, изјави за Гардијан Гилем Каналета од Фондацијата Пау Коста, каталонска непрофитна организација која ја спроведува стратегијата од 2016 година во провинцијата Жирона, во близина на Барселона. „Она што го правиме е обновување на нешто што веќе постоело и полека исчезнувало.“

Во Барселона, во април беше лансиран пилот проект во паркот Колсерола, зелена површина од 8.000 хектари што се наоѓа над градот и каде што во просек се јавуваат околу 50 пожари годишно, изјави Елои Бадија, градски советник на Барселона за климатски вонредни случаи и еколошка транзиција. Пожарите обично брзо се гаснат. „Никој не заборава дека ако еден ден избувне голем пожар, тоa ќе има голем ефект“, рече тој. „Тоа е урбан парк, опкружен со густо населени општини.“

Стратегиите од ваков тип одамна се применуваат ширум светот. Во Калифорнија, каде што минатата година шумски пожар зафати повеќе од 850.000 хектари, десетина компании ангажираат кози за целно пасење. Во северна Португалија, 45 загрозени коњи гарано се заслужни за спасување на резерватот Фаја Брава од катастрофалното влијание на шумскиот пожар во 2017 година. Во канадската провинција Британска Колумбија се користи стока за расчистување на подрачјата во опасност .

Делови од Шпанија пред речиси две децении ја усвоија стратегијата, кога јужниот регион на Андалузија почна да им плаќа на овчарите да ги минуваат обраснатите рамнини и долини со своите животни. Регионалната програма оттогаш е зголемена и вклучува повеќе од 100.000 животни, со што се заштедуваат околу 75% од трошоците за механичко расчистување на земјиштето. Има и други придобивки од пасењето, животните носат семиња и ја оплодуваат почвата додека се движат низ теренот, а нивните релативно неселктивни навики во исхраната ја поттикнуваат биолошката разновидност преку намалување на конкурентната предност на некои растенија.

Во Барселона, каде што минатиот месец заврши пилот-проектот, сега се во тек планови за негово проширување на дури три стада и потенцијално повеќе градски зелени површини. Животните успешно зачуваа 72 хектари од зеленилото, но веројатно ќе им недостигаат на многу посетители на паркот бидејќи биле многу популарни меѓу децата и семејствата.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....