03:26 - 13 април, 2026

Чоколаден колач со цели круши

Состојки:

150 грама путер
100 грама шеќер
200 грама чоколадо во чиј состав има 70 отсто какао
1 лажица ракија
5 јајца
200 грама мелени лешници
4 излупени круши

Подготовка:

Пред да почнете со подготовка на овој десерт, вклучете ја рерната да се загрева на температура од 180 степени. Тавата во која планирате да ја печете тортата, премачкајте ја со маргарин по целата нејзина површина.

Откако ќе ги направите овие подготовки, почнете со подготовката на десертот.

Чоколадото и путерот стопете ги на пареа. За да го направите тоа, во подлабоко тенџере на оган ставите поголемо количество вода, а врз него друго помало тенџере, во кое ќе ги ставите путерот и чоколадото.

Со затоплувањето на водата, состојките полека ќе почнат да се топат. Откако комплетно ќе се соединат, додајте ја и ракијата. Промешајте убаво и тргнете ја вака подготвената смеса и почекајте да се излади.

За тоа време, во подлабок сад убаво изматете ги јајцата. Кога од нив ќе се формира цврста пена, во садот додајте ја претходно подготвената смеса од чоколадо, ракија и шеќер.

Убаво со миксер изедначете ја смесата. На крај додајте ги мелените лешници и повторно убаво измешајте.

Добиената смеса ставете ја во тавата за печење, а во неа наредете ги крушите.
Печете околу 30 минути.

Слични објави

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

Како правилно да ги негувате хортензиите за да цветаат цело лето

Т.Ц.

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.
Се вчитува....