06:35 - 7 април, 2026

Брзо, лесно, превкусно: Колач со јаболка и павлака

Состојки:

За тесто:

125 грама брашно
1 жолчка од јајце
50 грама шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
100 грама мелени лешници
100 грама путер

За фил:

1 килограм јаболка
50 грама суво грозје
200 милилитри кисела павлака
150 грама шеќер
5 јајца
1 лажица пудинг од ванила
200 милилитри слатка павлака
1 лажица шеќер во прав

Подготовка:

Ставете го потребното количество брашно во подлабок сад, додајте ги жолчката, шеќерот, ванилиниот шеќер, мелените лешници и исечканиот путер. Со раце измесете тесто од овие состојки. Добиеното тесто завиткајте го во најлонска фолија и оставете го да отстои во фрижидер околу еден час.

Откако ќе го ставите тестото во фрижидер, вклучете ја рерната на 180 степени и оставете ја да се загрева. Потоа, излупете ги јаболката и исечкајте ги на ленти. Прелијте ги јаболката со лимонов сок за да не потемнат и оставете ги настрана.

Кога ќе помине потребното време, извадете го тестото од фрижидер и со сукало развлечете го тестото. Добиеното тесто, ставете го во калап за подготовка на тарт. Врз тестото ставете ги јаболката, а одозгора наросете со суво грозје.

За да го прелиете колачот, измешајте ја киселата павлака со шеќерот и со јајцата. Потоа, измешајте го и прашокот за пудинг како и слатката павлака.

Со добиената смеса прелијте го колачот. Ставете го да се пече околу 30 минути. Испечениот колач оставете го да се излади, а потоа наросете го со шеќер во прав.

Слични објави

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо
Се вчитува....