Општопознато е дека носењето на различни обувки влијае на вашето држење, на колената и на грбот, но и на вашиот изглед. Некои дами посебно ги интересира кога нивните облини изгледаат подобро. Дали на рамни чевли, на високи потпетици или на платформи…
Во продолжение ви донесуваме одговори на прашањето кои обувки како влијаат на изгледот на вашиот задник.
Рамни обувки
Задникот го прават три мускули, а во рамни обувки, како што се балетанките, овие мускули најчесто не ги држите стегнати, поради што задникот може да изгледа млитаво.
Патики
Во патики задникот изгледа поголем. Тие ни даваат целосна слобода на движењето, но токму поради тоа задникот може да изгледа сплеснат.
Блок штикли
Вакви чевли даваат стабилност поради дебелината на потпетицата, меѓутоа додека ги носите задникот нема да ви изгледа добро.
Штикли (2,5-5 см)
Ова е најудобната верзија на потпетици и краткотрајно ќе направуи задникот да ви изгледа затегнато. Проблемот е што ако мускулите не се целосно активни, особено стомачните, телото се обидува да го надомести тој недостаток така што го исфрла задникот и ја турка карлицата напред за да направи баланс, а како последица на ова се јавува болка во долниот дел на грбот.
Стилето потпетици (5-10 см)
Стилето потпетиците прават задникот да изгледа баш како што треба – подигнато и заоблено.
Лошата страна е што подолгото носење на вакви потпетици може да доведе до заслабување на мускулите, полош баланс и искривување на рбетниот столб.
Платформи
Вакви чевли во голема мера ја ограничуваат подвижноста на стапалата и поради тоа вашето тело може да изглед напнато и круто.
Постојаното балансирање прави колковите и задникот да се наоѓаат на иста рамнина, а струкот изгледа помалку дефинирано и влијае на целокупниот изглед на вашето тело.
Високи потпетици (над 10 см)
Кога носите олку високи потпетици буквално стоите на врвовите на прстите и задникот ви изгледа помал од што е. Негативната страна е што трпи рбетниот столб, а секој чекор ќе биде вистинска агонија.