20:57 - 8 април, 2026

МУЗЕЈ КАКО ЛЕК: Бриселските лекари препишуваат посети на културни институции за ослободување од стрес

Лекарите од Брисел ќе можат да препишуваат посети на музеи како дел од терапијата за пациенти кои се лекуваат од стрес поради вирусот Корона. На пациентите третирани за стрес во болницата „Бругман“, една од најголемите во белгиската престолнина, ќе им биде понудена бесплатна посета на пет јавни музеи во градот, кои опфаќаат различни теми.

Резултатите од пилот-проектот ќе бидат објавени следната година со намера иницијативата дополнително да се прошири доколку е успешна во ублажување на разни видови стрес, пренесува „Гардијан“.

Делфин Уба, комесарка за култура во Брисел, рече дека се инспирирала за идејата од Квебек, Канада, каде што лекарите можат да препишуваат до 50 музејски посети на пациенти годишно.

Во пилот-проектот во Брисел, посетите на музеите ќе бидат советувани на поединци и групи пациенти во болницата Бругман.

„Кризата со Ковид, поради која беше потенциран стресот, ја потврди важноста на таков проект“, рекла таа за белгиски весник.

Според лекарите од Канада, набудувањето на уметничко дело може да има позитивен ефект врз когнитивните способности на пациентот и може да има смирувачки ефекти во лекувањето на депресија, стрес и вознемиреност.

Слични објави

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот пентхаус на Саша Ковачевиќ од половина милион евра: Има кралска бања, Ѓоковиќ му е сосед

Еспресо

Луна Ѓогани откри зошто не ги поканила Весна и Ѓоле на роденден: „Ова е вистинската причина“

Еспресо

Синот на Халид Бешлиќ по повод шест месеци од неговата смрт: „Секој ден очекувам да ми се јавиш“

Еспресо

Вистинскиот пар чевли прави разлика: Дојдете во Chantel, затоа што секој чекор заслужува да биде забележан

Еспресо

Нина Ѓогани за ужасното насилство што го доживеала: „Ме тепаа и ме навредуваа“

Еспресо
Се вчитува....