8.8 C
Скопје
09:58 - 27 октомври, 2026

Коронавирусот предизвикува оштетување на белите дробови, дури и неколку месеци по инфекцијата!

Unsplash

Најновите истражувања покажаа дека коронавирусот може да предизвика абнормалности во белите дробови повеќе од три месеци по инфекцијата.

Истражувањето е направено на Универзитетот во Оксфорд, а научниците користеле нова техника на набудување за да ја идентификуваат штетата што не ја забележале докторите при класичниот преглед, пренесува Би-Би-Си.

Unsplash
Unsplash

Научниците, наводно, користеле ксенон гас за време на магнетна резонанца за да добијат јасни снимки-слики од оштетување на белите дробови.

Новата истражување се состоело од пациенти кои вдишуваа гас за време на снимањето на нивните бели дробови. Снимање било извршено на 10 пациенти на возраст од 19 до 69 години, од кои осум имале отежнато дишење, а некои се пожалиле на замор три месеци по болеста, иако не биле на интензивна нега или хоспитализирани.

За време на скенирањето, овие осум пациенти покажале оштетување на белите дробови нагласувајќи области каде воздухот не оди лесно во крвта.

Unsplash
Unsplash

Поради првите откритија од истражувањето, се планира да се испитаат до 100 лица, со цел да се утврди дали тоа се случува кај пациенти кои немале силни или немале никакви симптоми.

Целта е да се открие дали оштетувањето на белите дробови постојано ќе се случува кај пациените кои се носители на коронавирусот или го прележале, а имаат здравствени потешкотии по неколку месеци и дали ќе биде трајно или привремено.

Слични објави

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Витамините не се најдобрата заштита од настинки и грип, лекар открива што навистина помага

К.С.

Ракот на дојка не започнува секогаш со грутка — ова се промените што не треба да ги игнорирате

К.С.

Како да го подобрите метаболизмот за три дена? Искористете го продолжениот викенд за поздрави навики

К.С.

Зошто одеднаш стануваме алергични на работи што претходно не ни пречеле? Алерголозите објаснуваат што се случува во телото

К.С.

Како треба да вежбате на 20, 30, 40 и по 60 години? Фитнес-експерт открива што му е потребно на телото во секоја возраст

К.С.
Се вчитува....