01:32 - 9 април, 2026

Излекуваните од ковид-19 со недели тешко дишат, долго спијат…

Пациентите што оздравеле од ковид-19 продолжуваат, со недели, а некои и со месеци, да имаат последици во форма на хроничен замор, отежнато дишење, болки во мускулите, некои сакаат да спијат по цел ден, а за некои е голем напор да се качат по скали само еден кат, пишува онлајн магазинот „Јуроп тудеј“.

Истражувањето го спровеле лекарите од клиниката „Џемели“ во Рим, Анџело Карфи и Роберто Бернабеи, испитувајќи 150 пациенти што ја прележале заразата со коронавирусот.
Од испитаните, 87 отсто потврдиле дека имаат најмалку еден од пост-ковид симптомите, најмногу преголем замор, пречки во дишењето, некои имале и психолошки проблеми, а одреден број пациенти по закрепнувањето покажале знаци на посттрауматски стрес.

Речиси сите испитаници имале проблеми со апетитот и намалување на мускулната маса.
– Кoвид-19 е нова болест и ние засега ги знаеме симптомите, но малку се знае за последиците. И затоа ова истражување, прво од ваков вид, е многу важно – рекол Анџело Карфи.

Авторите на истражувањето посочуваат дека е позитивно што не се потврдија стравувањата на лекарите дека болеста ќе остави трајни последици врз белите дробови, црниот дроб, очите и срцето.
Лекарите препорачуваат пациентите што биле лекувани на одделенијата за интензивна нега и биле подложени на оксигенација, редовно да одат на контроли на повеќето внатрешни органи, а мора да поминат и низ долг период на физичко и психичко закрепнување.

Слични објави

Дали е безбедно да се пие вода наточена пред еден ден? Стручњаците го имаат одговорот

Т.Ц.

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фејслифтинг – хармонија помеѓу годините и природната убавина

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо

Намалете го холестеролот без лекови – што да јадете, а што да избегнувате?

Еспресо
Се вчитува....