5.8 C
Скопје
22:00 - 12 март, 2026

Како се храни Жизел Бундхен, најплатената манекенка во светот

Сите манекенки и модели привлекуваат внимание со својот изглед, но предизвикуваат и бројни дискусии. Многу манекенки поради работата се принудени да се подложуваат на разни диети, па дури и со денови не консумираат храна за да ја задржат витката линија.

Една од најплатените манекенки во светот, Жизел Бундхен напиша книга за исхраната и начинот на живот, која поттикна многумина да го следат нејзиниот пример. Од модните ангажмани и нејзините модни и козметички линии Бразилката успеа да создаде вистинско богатство, околу 400 милиони долари.

View this post on Instagram

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele)

За нејзиниот животен стил беа напишани бројни написи во медиумите за мода и убавина. Добро е познато дека Жизел е поборник за здрава исхрана, јога и холистички пристап кон животот, а истата филозофија му ја пренесе и на нејзиниот сопруг, спортистот Том Брејди, како и на нивните две деца. Менито што им го подготвува нивниот готвач беше објавено во медиумите пред неколку месеци. Тоа вклучува органски намирници, храна без глутен, шеќер и брашно. Жизел се придржува до шесте златни правила на здрава исхрана, па целото семејство утрото го започнува со чаша топла вода во која е исцен лимон.

Во текот на денот задолжително се конзумира органско овошје и зеленчук, органско пилешко, органски бифтек или патка, а најчесто јадат див лосос подготвен на маслиново масло. Црвеното месо е дозволено само еднаш месечно. Шеќерот и брашното се строго забранети во домот и ова е правилото кое Жизел строго го следи. Вечераат најдоцна во 18 часот, за да може телото да се одмори во текот на ноќта и да има време да ја свари храната. Двапати годишно таа оди на детоксикација во некој од светски познатите ресорти.

Сите совети за подобар живот и личните искуства низ годините Жизел ги собра во книгата „Лекции: Мојот пат до живот со смисла“. Во книгата, покрај планот за исхрана, таа зборува и за тешките периоди во животот и открива како медитацијата и била од голема помош.

View this post on Instagram

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele)

Слични објави

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.
Се вчитува....