-3.2 C
Скопје
03:43 - 23 декември, 2024

Уништете ги бактериите во организмот со редовно јадење аронија

Аронијата претставува грмушка, која расте до два метри во висина. Нејзините плодови се ситни, мали, темносини бобинки, собрани во гроздови од по 10 до 15 бобинки.

За оваа лековита бобинка, знаеле дури и древните Индијанци, кои ја користеле за подготовка на многу разни лекови и други состојки кои секојдневно ги употребувале. Според најновите истражувања, аронијата е одлична во справувањето со слободните радикали во организамот.

Висока концентрација на витамини и минерали

Плодовите на аронијата се исклучително богати со витамини. Таа содржи витамин Ц, А, Е, Б2, Б6, Б9 и многу реткиот витамин П. Од минералите содржи калциум, калиум, железо, молибден, манган, фосфор и јод. Во плодовите содржиани се и антиоксиданси како што се танини, биофеноли, флавоноиди, антоцијанини, катехини.
Токму затоа, оваа намирница се препорачува редовно да се јаде, како еден вид превенција против појавата на малигните заболувања. Освен тоа, аронијата содржи и редок овошен шеќер- сорбитол.

Како се употребува?

Аронијата најчесто се користи свежа, како додаток на најразлични овошни салати но и како задолжитеен додаток во свежо цедените сокови. Сепак, оваа бобинка, можете да ја користите и за подготовка на чаеви, но и како додаток во житарки, за подготовка на слатки пити, како сок, а може да се приготви и како џем. Исто така, оваа храна може да се користи и како сушена, но и како замрзната.

Сок од аронија

Аронијата може да се пие како свежо цеден сок, но од неа можете да подготвите и сокови или компоти за во зима и на тој начин да му ја продолжите трајноста на ова растение. Имено, редовното пиење на сок од ова овошје, без разлика на кај начин сте го подготвиле, ја подобрува циркулацијата, дејствува детоксично и антисептично, има благопријатно дејство врз тироидната жлезда, го намалува нивото на холестерол во крвта, има диуретичен ефект, а поради високата содржина на витамини, аронијата е идеална билка за зајакнување на имунитетот.

Моќен борец против „тивкиот убиец“

Тивкиот убиец или ракот на дебелото црево е причина за смртност кај голем број на луѓе во изминативе години. Овој тип на рак, се открива многу доцна и токму поради тоа, смртноста кај луѓето кои заболуваат од него е многу голема. Според одредени истражувања, кои се направени во 2013 година, аронијата е една од најдобрите намирници која секој човек треба да ја консумира за превентивно да влијае против појавата на овој тип на рак. Според резултатите на други научни истражувања, освен аронијата, и останатите овошки кои имаат темна боја, можат многу да помогнат во борбата против оваа смртоносна болест. Затоа, на вашето дневно мени, обидете се постојано да има аронија, боровинки или пак рибизли.

Го чува видот и здравјето на очите

Темните плодови на аронијата содржат големи количини каротен кои помагаат да не дојде до оштетување на вашите очи но и во зачувувањето на видот. Покрај тоа, во составот на аронијата има и големи количества на флаваноиди кои пак помагаат во спречувањето на појавата на најразлични инфекции на очите.

Богат извор на растителни влакна

Доколку имате неколку килограми плус, аронијата е растение кое ќе ви помогне да ги намалите. Ова растение доколку се јаде секојдневно, многу ќе ви помогне во спречувањето на појавата на масни наслаги на стомакот. Покрај тоа, аронијата има мала калориска вредност и малку масти во својот состав, а истовремено содржи и многу диетални влакна, што ја прави оваа намирница една од најздравите овошки кои му се достапни на човекот да ги јаде.

Помага во борбата против појава на бактерии

Ако во вашиот начин на исхрана, аронијата е многу често присутна, тогаш, можете да бидете сигурни дека настинката и грипот постојано ќе ве „заобиколуваат“. Покрај тоа, ова растение ќе ви помогне и во борбата против појавата на бактерии во вашиот организам, а истовремено ќе ви го зајакне и имунитетот. Доколку пак сакате со аронијата да се обидете да ги излечите воспаленијата во вашето тело или пак одредени вирусни инфекции, тогаш наместо свежа, јадете сушена аронија.

Спречува срцев удар

Бобинките на аронијата се познати по тоа што помагаат во нормализирањето на циркулацијата на крвта, ги јакнат крвните садови, а го намалуваат и ризикот од појава на кардиоваскуларни заболувања и спречува срцев удар. Ова овошје, ја спречува и појавата на дијабетес, а позитивно влијае и врз работата на панкреасот и црниот дроб.

Плодовите на аронијата го одржуваат стабилен крвниот притисок, спречуваат појава на хипертензија а помагаат и во варењето на храната.

 

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....