-3.2 C
Скопје
06:08 - 23 декември, 2024

Со храна намалете го штетното влијание на катранот и на никотинот од цигарите

За да не дојде до драстично влошување на целокупната здравствена состојба, пушачите треба да посветуваат големо внимание на храната

Пушењето е многу штетна навика. Сепак, и покрај големиот број факти што го докажуваат штетното влијание на никотинот и на катранот содржан во цигарите врз здравјето на луѓето, многу луѓе никако не се откажуваат од ова „задоволство“.

За да не дојде до драстично влошување на целокупната здравствена состојба, пушачите треба да посветуваат големо внимание на храната што ја јадат. Витамините, минералите и растителните влакна што можат да се најдат во различните видови овошја и зеленчуци, можат позитивно да влијаат врз целокупното здравје и да потпомогнат во намалување на огромната штета што ја трпи телото по секоја испушена цигара.

Единствено на тој начин ќе му помагате на телото во голема мера да ги исфрли токсините и делумно да помогне во регенерацијата на белите дробови.

Брокула, зелка и прокељ

Сите што пушат повеќе од 10 цигари дневно мора секојдневно да јадат зелка, брокула и прокељ. Овие зеленчуци во својот состав имаат полифенол, кој помага во намалувањето на воспаленијата во телото, а најмногу во системот за варење на храната. Покрај тоа, во брокулата, зелката и прокељот се содржани и антиоксиданти, кои го чистат телото од наталожените отрови, меѓу кои и од никотинот.

Овие зеленчуци јадете ги секојдневно. Најдобро е да ги внесувате свежи затоа што со нивната термичка обработка се губат голем број витамини.

Спанаќ

Спанаќот изобилува со фолна киселина, која е многу важна за нормален раст и развој на еден човечки организам. Тој исто така може многу да помогне во отстранувањето на никотинот од телото, а според искуствата на многумина, токму спанаќот им помогнал и да ја намалат желбата и потребата од палење нова цигара.

Моркови

Ако сакате да го исчистите никотинот кој со години наназад се таложел во белите дробови, обидете се секој ден да јадете по еден морков. Освен што ќе ги исчисти белите дробови, морковот ќе помогне побрзо да се регенерира и кожата. Имено, никотинот ја уништува кожата, а овој зеленчук, кој во себе ги содржи витамините А, К, Ц и Б, ќе го исчисти телото. Освен како дел од салата, свежиот морков можете да го внесувате и во вид на сок. Дополнително ќе уживате во неговиот вкус доколку исцедениот сок од моркови го измешате со цеден сок од јаболко и лимон.

Киви, лимон и портокал

Никотинот од телото ќе го исфрлите ако внесувате овошје и зеленчук во кое има витамини од групата на А, Ц и Е. Тие го јакнат организмот, така што има сила да се бори против вештачки внесените отрови, бактериите, како и против инфекциите. Токму овие витамини најмногу се содржани во кивите, лимонот и во портокалот.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Хируршки третман на израстоци – бенигни тумори на кожа

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кератоконус – оштетување на рожницата

Еспресо

Ласерска корекција на диоптрија во Европска очна болница: Враќање на видот со прецизност и експертиза

Еспресо

(Видео) Новости од Клиника „Жан Митрев“: Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп

Еспресо

Маја Алексовска ембриолог во болницата „Санте Плус“: Лекувањето на неплодноста е тешка, но не е неостварлива задача

Еспресо
Се вчитува....